Отчет за изминатите две години на Бакрачески на чело на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески денес даде отчет за сработеното во изминативе две години. Многу реализирани проекти, вратени долгови и финансиска стабилизација на Јавните претпријатија се беа поентите од пресекот на двете години од работењето на Грдаоначалникот и на оваа Локална самоуправа.  Во наредните две години од  мандатот Бакрачески вети дека ќе ги реализира или барем ќе започне со реализација на сите капитални проекти кои беа ветени во неговата кампања.

 |   | 
otcet
otcet

otcet

Отчет за сработеното во изминатите две години. Денес градоначалникот Никола Бакрачески пред охриѓани и пошироката јавност се пофали со сработеното во неговиот двегодишен мандат. Тој рече дека општина Охрид полека, но сигурно застанува на здрави нозе. Од една општина којаја затекле во тотален финансиски хаос, на работ на банкрот со домаќинско работење и максимално искористување на сите човечки ресурси, општина Охрид исплатила 491.523.721 денари од обврските по сите основи, а вкупниот долг денес е намален за над 175 милиони денари.

Nikola Bakraceski„Она што можам недвојбено да го потврдам е фактот дека успеавме да го стабилизираме финансисикото работење на општината, и за прв пат после 15-на години создадовме услови во кои долговите на општината не само што не растат туку имаат и сигнификантен тренд на опаѓање. Јавните претпријатија не генерираат нови долгови, некои ги намалуваат своите долгови, а некои дури остваруваат позитивни резултати во работењето“, рече Бакрачески.

Бакрачески зборуваше за реализираните проекти во комуналната сфера, за помагањето на културата и културните манифестации во градов, за напорите кои се прават во развојот на туризмот, за странските инвестиции и новите вработувања во индустриската зона која треба да се гради. Најмногу акцент стави на заложбите на општината во социјалната сфера.

otcet„Општина Охрид е една од водечките во државата во водењето на социјалната политика. Го стимулираме наталитетот во за што издвоивме 2. 744. 417 денари за 549 мајки кои се породиле во Општата Болница во Охрид. Субвенционирањето на дел од комуналните трошоци  во износ од 600 денари месечно за  300 охридски семејства од  социјален ризик. Бесплатни курсеви по англиски , германски и информатика во вредност од 66.000 денари. за 34 охриѓани кои  доаѓаат од семејства од социјален ризик. Помош на  семејствата  чии куќи беа опожарени во минатото во вредност од 2. 905. 711 денари.  Во континуитет финансиски го поддржуваме дневниот центар  за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“ и  работно ангажира стручни лица  во истиот.“- кажа Бакрачески.

Бакрачески рече дека преродбата на Охрид штотуку започнува. Во наредните две години од неговиот мандата вети дека ќе ги реализира или барем ќе започне со реализација на сите капитални проекти кои беа ветени во неговата кампања за градоначалник на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top