Ознака: градоначалник

Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче

Post Views: 2 Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. „Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид.Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги....

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори

Post Views: 5 ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори кои треба да се одржат на 21 април. Сега се знае и третиот кандидат за градоначалничката трка во Охрид, покрај Д-р Константин Георгиески од редовите на СДСМ и Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанската Демократска унија. Доцна синоќа на состанок во скопје Извршниот Комитет на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, го објави името на канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори. Станува збор за неврохирургот Д-р Митре Милошески инаку вработен во специјалната болница за...

Continue reading

Дебата за тоа каков градоначалник сакаат охриѓани

Post Views: 2 За прв пат во пресрет на локалните избори во Охрид се организира отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”. Граѓанските здруженија и политичарите заеднички ќе ги детектираат проблемите и предизвиците на градот, со цел да се слушне гласот на граѓанскиот сектор и на обичниот граѓанин. На дебатата ќе се говори за проблемите во сите сфери: туризам, угостителство, урбанизам, животна средина, комунален развој, концесионери на плажите, проблемот со кучињата, безбедност, образование, бизнис и економија. За таа цел сите граѓани на Охрид кои сакаат...

Continue reading

Промовиран Михаил Трендафилов- Нанче како кандидат на ГДУ за градоначалник на локалните избори

Post Views: 1 Михаил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник на Охрид од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ). Кандидатурата на Трендафилов беше претставена денеска во локалниот клуб на партијата. Михаил Трендафилов во своето обраќање меѓу другото рече дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчеливата согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“-...

Continue reading

Науме Јованоски претендира да биде кандидат за градоначалник

Post Views: 18 Науме Јованоски, поранешниот прв човек на ОО на СДСМ од Охрид денес на прес конференција ги обзнани своите амбиции да биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни локални избори. Одлуката да влезе во трката за градоначалник ја донел и поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Дополнителен мотив да се кандидирам за одговорната функција е фактот што, во делот на организациската и теренска активност, имам одлично претходно искуство, добар тим кој ќе застане зад мене за заеднички...

Continue reading

Константин Георгиески е вршител на должност градоначалник на општина Охрид

Post Views: 9 Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник, но ветувам...

Continue reading

Константин Георгиевски избран за в.д. градоначалник на Охрид

Post Views: 8 Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник. На вонредната седница на советот на Општина Охрид што се одржа денеска, Константин Георгиевски инаку координатор на советничката група на СДСМ од Охрид со 15 гласа „За“ е избран за вршител на дејност градоначалник на Општина Охрид. после смртта на градоначалникот Општина Охрид испрати известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54...

Continue reading

Започната законска процедура за избор на в.д Градоначалник на Охрид

Post Views: 4 Поради ненадејната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, започната е законска постапка за избор на в.д градоначалник. Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може локалната да функционира ќе се избира в.д градоначалник. Од општината велат дека со скратени рокови тоа ќе...

Continue reading

Охрид се збогува со својот Градоначалник Јован Стојаноски

Post Views: 0 Големата сала на Општина Охрид беше претесна да ги прими сите кои се собраа да му оддадат последна почит на прерано починатитот градоначалник Јован Стојаноски. Пред потесното семејството на  градоначалникот,  министри на владиниот кабинет, претставници на дипломатскиот кор и бројни пријатели и граѓани на Охрид прв од Јован се прости  премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец. Како градоначалник беше посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина. Беше препознаван...

Continue reading

Почина охридскиот градоначалник Јован Стојаноски

Post Views: 0 Јован Стојаноски е роден на 7-ми август 1970 година во Охрид. Високото образование го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Од 1999 година е Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Стојаноски беше долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Исто така беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013-2017, а во 2017 година беше...

Continue reading

зијадин села

Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

Post Views: 22 Општина Струга оваа година ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината, како што вели Градоначалникот Зијадин Села е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството и директорот на СВП. Села барал освен на македонски и англиски оваа манифестација да биде преведувана и на албански јазик. Тоа негово барање било одбиено со едно за него нелогично објаснување, а тоа е дека манифестацијата ќе била пренесувана во живо на првиот канал на националниот сервис. Струга е мултиетничка општина каде повеќе од 60% од населението е албанско па...

Continue reading

Sela i Merko

Зијадин Села седна во градоначалничката фотелја

Post Views: 3 Зијадин Села од денеска и официјално е новиот градоначалник на Струга. Од страна на општинската изборна комисија, на новиот градоначалник, Села, му беше врачено уверението со што му беше верификуван четиригодишниот мандат. Во своето обраќање на свечениот чин, Села вети дека ќе биде градоначалник на сите стружани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност. „Јас се надевам и посакувам во иднина исто како и денес, во ваква атмосфера, како што денес ја примам функцијата, да бидат и изборите во иднина. Ваква атмосфера, да славиме, бидејќи изборите се за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top