Ознака: години

zgradata na deneshnata Gimnazija

Некогашниот „Мехтеб“ плени со својата убавина

Post Views: 7 Зградата на Охридската гимназија е подигната пред 100-тина години како  подарок за охриѓани  од Ејуп Сабри-беј. Атрактивниот објект е изграден во европски стил, но за време на едновековното постоење повеќе пати било менувано. Преживеало бурни времиња, повеќе  војни и неколку режими. За него се водел долг  судски процес и пожар кога пламените јазици го голтнале она што најмногу го красело, потпокривот и неговите  обележја двете куполи и убавиот часовник. Историчарот, Професор Д-р Павле Митрески,  го  истражувал животот на  Ејуп Сабри-беј и судбината на  објектот. Митрески, ...

Continue reading

bazen

100.000 евра за реконструкцијата на отворениот базен

Post Views: 9 Започна реконструкцијатат на отворениот  базен кој се наоѓа во рамките на ЈП Билјанини Извори. По десет години негрижа и негово пропаѓање Локалната самоуправа сега ќе го  рестартира. Од околниот простор и од базенот биле подигнати  неколку камиони отпад, а се очекува  пристигање на филтер станицата и негвото пушѕање во употреба до крајот на јуни најавува Гордана Јованоска, директор на ЈП кое ќе стопанисува со објектот.„Старата опрема се отстрани, дното има оштетувања заради долгогодишното некористење, потребно  е заварување  по што ќе отпочне монтирањето на филтер станицата...

Continue reading

Mitre Veljanoski

СДСМ нуди спас за спортот

Post Views: 7 „Спортот не е само градење спортски сали, тениски игралишта и игралишта за хохеј на кои никој не спортува. Спортот во Р. Македонија никогаш не бил на толку ниско рамниште. Нашите национални селекции, во изминативе пет години, немаат остврарено никаков позабележителен резултат во меѓународните натпреварувања“, истакна кандидатот за пратеник од СДСМ Митре Велјаноски. Велјаноски потенцираше дека во овие пет години македонските граѓани немале ниту една прилика, во ниту една спортска дисциплина,  да се израдуваат и да бидат горди на постигнатиот успех на репрезентативно или...

Continue reading

pres VMRO DPMNE

Револуционерни промени во правниот систем

Post Views: 1 Револуционерни и системски промени на правосудниот систем, со кои ќе се поттикне свеста за практикување на правото, најавуваат во наредниве две години од ВМРО-ДПМНЕ. Само во 2010 година владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе 22 закони од областа на  правосудството  поврзани со усогласување со правото со Европската Унија, зголемување на ефикасноста и професионалноста на судството и јакнење на самостојноста и независноста на судиите, кажа на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на оваа партија, Анита Кипаризовска – Крстевска.  Како поважни проекти кои треба да бидат...

Continue reading

Boceska

Центарот за култура, „Григор Прличев“ доби своја веб страница

Post Views: 2 Во чест на 50 годишнината од постоењето на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“,Н.У. Центар за култура, „Григор Прличев“ ја доби својата веб страница. Станува збор за медиум, преку кој на едно место ќе може да се најдат сите наши активности коишто се случуваат под закрила на центарот, вели директорката Драгана Боцеска. Од организацијата на Балканскиот фестивал, Прличевите беседи, па репертоарот на Охридскиот театар, се до филмските премиери, концерти изложби и други настани, преку оваа корисна алатка ќе може да се добијат детални информации за секој настан,...

Continue reading

podem

Граѓаните се личности, а не само бројки на избирачките списоци

Post Views: 5 „Гласовите за малите политички партии, не се изгубени гласови“, велат од Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. Кандидатот за пратеник за 5-тата ИЕ од оваа партија, Горан Лекоски, укажа на се позачестените апели на двете најголеми политички партии до неопределените гласачи, да не ја даваат својата доверба на малите партии. „Апелираме до граѓаните, да не подлегнуваат на таквите гласини, зошто тие не ги поседуваат вашите гласови. На 5-ти јуни граѓаните да гласаат по свое убедување и да покажат дека се личности, а не само бројки во избирачките списоци“,...

Continue reading

VMRO-DPMNE, Shokaroski

Здравство по терк на модерниот свет

Post Views: 6 Бесплатно болничко лекување за над 100. 000 пензионери, лекување во странство за само 200 евра, аптеки на тркала во руралните средини, се само дел од мега проектите за наредните 4 години, во здравството. „Работиме за да создадеме здравствен систем, од кој благодет ќе имаат сите здравствени корисници“. Харалампие Шокароски, кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, на долго и широко ги кажа сите предности, приоритети и идни вложувања на Владата на Груевски, во делот на здравството. Тој рече дека никако не смее да се заборават големите инвестиции во здравството кои ги овозможи...

Continue reading

diplomi

Дипломите од ФТУ традиционално доделени на Плаошник

Post Views: 13 Традицијата продолжува и понатаму. Денес свечено беа доделени дипломите на студентите од Универзитетот Св.Климент Охридски-Битола односно нашиот Факултет за туризам и угостителство. Студенти од насоките туризам, осигурување, царина и шпедиција, хотелско-ресторантска, гастрономија, но и дисперзираната насока за безбедност и финансиска полиција денес ги добија своите долгоочекувани дипломи. Факултетот за туризам и угостителство оваа учебна година ќе го прослави и својот 40 годишен јубилеј неуморно продолжувајќи ја долгогодишната традиција. „Пред нас се години во кои...

Continue reading

Ohridsko leto

Како да се стокми „Охридско лето“ во пет до 12?!

Post Views: 1 Благоја Петкоски, маркетинг менаџер во Македонската опера и балет, со амин на министерката за култура  ќе помага во организацијата и реализацијата на програмата на 51-то издание на фестивалот „Охридско лето“. После два неуспешни конкурси за избор на директор на фестивалот, во пет до дванаесет министерката заклучи дека на охриѓани им е потребна помош за да истуркаат уште едно издание на оваа реномирана културна манифестација. 50 години наназад „Охридско лето“ се движеше по нагорна патека во чекор со елитата на најголемите и најзначајни фестивали во светот. Половина век...

Continue reading

Kрај за долгите судски постапки?

Post Views: 0 Правниците од земјава тргнаа во мисија за скратување на судските постапки. На нивната 64та средба беа организирани работилници, предавања и дискусии. Оваа средба беше фокусирана на скратување на роковите за постапување по одреден предмет и забрзување на судските постапки. Општо познато е дека ова е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува македонскиот правосуден систем. На оваа средба беа поставени клучни закони како што се процесните закони вклучително законот за кривична постапка, парнична, управна постапка, за извршувањето и за стечајната постапка. „Значи ние...

Continue reading

Центарот „Доброто љубие“ нема да згасне

Post Views: 3 Станува збор за  проект инициран од Католичката, а прифатен  од Православната црква. Центарот е заеднички организиран и поддржан од двете цркви. Со заминувањето во пензија на отец Димитрије и  преместувањето на католичкиот отец Стефан, од Охрид во Сараево, па родителите стравуваат за опстанокот на центарот. За родителите на штитениците во овој дневен центар неговото функционирање е од голема помош. Сега тие се загрижени со ново настаната состојба, па  психологот Марија Кочоска, која се грижи за штитениците  на дневниот центар, смирува.„Нема потреба да стравуваат, ние...

Continue reading

Hepatitis C

Отворена војна против Хепатитот Ц

Post Views: 12 Претставници на институции од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово, разменија искуства и ги согледаа современите можности во третманот на хепатитис Ц. Лицата кои се интравенозни корисници на активни психотропни супстанци, а кои се заболени од оваа болест, во нашата држава за жал сеуште секојдневно наидуваат на бариери. Прим.д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ, истакна дека здравствените работници мора да се ослободат од предрасудите при третманот на лицата од ризичните групи. Што се однесува до тоа дали кај нас постои националана стратегија, за борбата против...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top