Ознака: години

Nova Godina

Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Post Views: 4 Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат...

Continue reading

nova godina

Дочекот на Нова година полека го губи епитетот најлуда ноќ

Post Views: 3 За поголемиот дел од граѓаните патувањата во странство за дочек на најлудата новогодишна ноќ стануваат далечни. Поголемиот дел од граѓаните од разно рани причини избираат Нова година да ја дочекаат во кругот на семејството и се повеќе се откажуваат од патувањата во странство.И информациите од туристичките агенции за продажбата на аранжманите за патувања надвор од земјата, одат во прилог на констатацијата дека охриѓани се повеќе се одлучуваат Нова година  да ја  слават во домашна атмосфера. Оние кои одлучуваат, пак да отпатуваат надвор од градот ги бираат Истанбул, Прага...

Continue reading

Plakati

Ќе се вратат филмските плакати низ градов

Post Views: 0 Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив. Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската...

Continue reading

охрид

На Охрид му се заканува бришење од листата од УНЕСКО

Post Views: 4 Проф. д-р Коста Балабанов, некогашен член  на Комисијата за изготвување на апликацијата за впишување на Охрид на листата на светското културно наследство е загрижен од тоа што градот ги напушта пропозициите на  Унеско. Балабанов  смета доколку  продолжи и понатака негрижата кон Охрид му се заканува  опасност да биде тргнат од листата. Тоа би било срам над срамовите за градот и државата смета проф д-р Балабанов. Тој се навраќа во минатотот кога строго се почитувале пропозициите.„ Некогаш во стариот дел на градот жителите  се оставаа да живеат како во 19 век, следејќи...

Continue reading

potkrovja

Неизвесна судбината на диво изградените поткровја во стариот дел од градот

Post Views: 8 Неизвесна судбината на изградените поткровја во стариот дел од градот, дали ќе се спасат од рушење или ќе бидат легализирани. На почетокот од оваа година инспекторатот изготви список со  20-тина    незаконско изградени поткровја во стариот дел од градот, од вкупно  70 во  општина Охрид. Сега се зависи од предлог законот за легализација на дивоградбите на кој се чека скоро 4 години, вели раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. „Сепак се сомневам дека поткровјата ќе бидат легализирани, со оглед на тоа дека се работи за заштитено подрачје како што е стариот дел...

Continue reading

jubilej

Јубилеј кој е гордост и чест, но и голема обврска

Post Views: 18 Четириесет години научно-истражувачка и образовна дејност. Денес оваа виско образовна институција со гордост може да каже, дека е интегрален дел од една традиција, да делува во градот на УНЕСКО и градот на писменоста, рече деканот на факултетот Проф. Д-р Сашо Коруноски. Деканот Коруноски додаде дека извонредните кадри со кои творат во оваа институција се свесни за тоа дека мора да бидат достојни на оние чии наследници се. „Развојот несекогаш е праволиниски. Има подобри времиња, некогаш полоши. Се трудиме секогаш да бидеме достојни на аманетот на Св.Климент и да продолжиме...

Continue reading

paten pravec

Охридските автопатишта дел од западната концесија

Post Views: 5 Некои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија. За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област. Од нив две веќе се квалификувале за понатамошната постапка. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.И струшките и охридските автопатишта ќе бидат предмет на концесија. Патиштата ќе бидат под концесија 35 години, а концесионерите ќе имаат осум години за нивна изградба. Станува збор за давање под концесија на патните...

Continue reading

Zoran Letra

Охридско лето „не ја сака“ Св Климентовата награда

Post Views: 4 Охридско лето не сака да ја дели Св. Климентовата награда со никого. Директорот и Управниот одбор на оваа институција сметаат дека неможат да се споредат со ниту една институција во однос на работите кои ги имаат направено за промоција на Охрид во изминативе 50 години. „ Во врска со наградата мојот став лично но УО е дека оваа награда не треба да се прими во пакет со уште двајца. Не сакам никого да невредувам но мое мислење е дека фестивалот треба да биде единствен. Наградата нема да ја примиме во пакет“, вели в.д директор на НУ Охридско лето, Васил Зороски. И претседателот...

Continue reading

nagradena slika

Молитва за радоста

Post Views: 0 Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз. Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”. Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот...

Continue reading

Неофицијално, највисокото општинско признание за „Богојавление“

Post Views: 1 Неофицијално, ТВМ дознава дека добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски годинава оди во рацетe на Здруженито за целосна афирмација на македонската православна црква „Богојавление“. Ова здружение заслужно за возобнување на манифестацијата „Водици“, иако постои само 7 години, за Комисијата ги исполнува сите критериуми за да биде добитик на највисокото општинско признание. Кои се годинешните добитници на Св Климентовата награда и дали ќе биде една или и годинава ќе се дели, но и кои се добитници на Св Климентовите повелби, ќе биде соопштено на денешната...

Continue reading

uniforma

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Post Views: 9 Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор...

Continue reading

sednica

Утре пред советниците жешки планови

Post Views: 3 Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје. Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top