Револуционерни промени во правниот систем

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска досегашните и понатамошните реформи во областа на правниот систем,  кои ги отпочна и во следниот мандат ќе ги доврши владата на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Крсте Голабоски  | 
pres VMRO DPMNE
прес ВМРО-ДПМНЕ

pres VMRO DPMNEРеволуционерни и системски промени на правосудниот систем, со кои ќе се поттикне свеста за практикување на правото, најавуваат во наредниве две години од ВМРО-ДПМНЕ. Само во 2010 година владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе 22 закони од областа на  правосудството  поврзани со усогласување со правото со Европската Унија, зголемување на ефикасноста и професионалноста на судството и јакнење на самостојноста и независноста на судиите, кажа на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на оваа партија, Анита Кипаризовска – Крстевска.  Како поважни проекти кои треба да бидат реализирани за период од две години, Крстевска ги посочи ЗАКОНОТ ЗА АКАДЕМИЈА НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ  И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДОВИТЕ, ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ, ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СУДСКИ БУЏЕТ и секако ЗАКОНОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ. Тонското снимање на рочиштата е само една од низата новини кои се најавува да станат дел од правосудниот систем.

Крстевска додаде дека е изготвен и повеќегодишен стратешки план за утврдување на потребен број на судии и јавни обвинители, а преку изготвување на граѓанскиот законик ќе се стабилизира граѓанско правната материја како една од носечките столбови во правниот систем. Што се однесува до изборот на судии, Крстевска кажа дека судијата ќе може да биде човек со висок  човечки , морален и професионален капацитет и интегритет. Пристап до правдата ќе имаат сите слоеви на граѓани со пружањето на бесплатна правна помош – се разбира под одредени услови, додаде кандидатот за пратеник.  Во овие две години ќе се работи и на зголемување на транспарентноста на судиството.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека и во наредниот период, со несмалено темпо ќе продолжат да работат на заокружување на реформите во областа на правосудството, што пак несомнено ќе приднесе за зајакнување на правната држава и владеење на правото, како и за зголемување на квалитетот на правната заштита на граѓаните и правните лица во РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top