Здравство по терк на модерниот свет

Бесплатно болничко лекување за над 100. 000 пензионери, лекување во странство за само 200 евра, аптеки на тркала во руралните средини, се само дел од мега проектите за наредните 4 години, во здравството.

 |  Билјана Николоска  | 
VMRO-DPMNE, Shokaroski
ВМРО-ДПМНЕ, Шокароски

Бесплатно болничко лекување за над 100. 000 пензионери, лекување во странство за само 200 евра, аптеки на тркала во руралните средини, се само дел од мега проектите за наредните 4 години, во здравството.

„Работиме за да создадеме здравствен систем, од кој благодет ќе имаат сите здравствени корисници“. Харалампие Шокароски, кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, на долго и широко ги кажа сите предности, приоритети и идни вложувања на Владата на Груевски, во делот на здравството. Тој рече дека никако не смее да се заборават големите инвестиции во здравството кои ги овозможи владата на Груевски. Шокароски додаде дека и понатаму продолжувааат со инвестиции на тоа поле и тоа со засилено темпо.

Шокароски рече дека продолжуваат со реконструкција  и изградба на јавни здравствени установи, за кои само во првата фаза потрошени биле 100 милиони евра, средства обезбедени од Владата на Груевски. Тој исто така рече дека ќе се инвестира и во современа апаратура за сите медицински одделенија. Со новиот идеен проект кој е во завршна фаза или изградба на позитронски центар за детекција на малигни клетки во човечкиот организам со што Македонија ќе прерасне во регионален  центар. Шокароски не испушти  да се осврне и на најновиот политички момент. Според него во последно време забележано е енормно задолжување на Општина Охрид како и нерационално трошење на парите на охриѓани за партиски мотиви на Локалната.

Шокароски на денешниот прес одговори и на повеќе новинарски прашања, некои поврзани со здравството, но не беше поштеден ниту од прашањата кои се однесуваа на политиката на ВМРО – ДПМНЕ на централно ниво.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top