Дипломите од ФТУ традиционално доделени на Плаошник

Светоста на Плаошник повторно домаќин на традиционалното доделување на дипломите. Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, Сашо Коруноски им се обрати на студентите напомнувајќи дека од денес тие ќе треба да се зафатат со иднината. Факултетот оваа учебна година ќе го прослави и својот 40 годишен јубилеј како еден од најуспешните факултети во државата.

 |  Мишел Наумоски  | 
diplomi
дипломи

diplomiТрадицијата продолжува и понатаму. Денес свечено беа доделени дипломите на студентите од Универзитетот Св.Климент Охридски-Битола односно нашиот Факултет за туризам и угостителство. Студенти од насоките туризам, осигурување, царина и шпедиција, хотелско-ресторантска, гастрономија, но и дисперзираната насока за безбедност и финансиска полиција денес ги добија своите долгоочекувани дипломи. Факултетот за туризам и угостителство оваа учебна година ќе го прослави и својот 40 годишен јубилеј неуморно продолжувајќи ја долгогодишната традиција.

„Пред нас се години во кои што ќе треба да го зачуваме она што досега сме го стекнале, но и да трасираме нови патеки, нови визии за развој на овој извонредно значаен универзитет. Почитувани дипломци, не сте случајно овде, на овој свет простор, простор кој што со милениуми зрачи со образование, со наука, со култура, со традиции, а тие традиции се вградени не само во името на нашиот факултет, туку и во квалитетот во посветеноста да се обезбеди еден процес на едукација кој што ако зад нас се илјадници години традиции, треба да бидат илјадници години пред нас.“ реч Проф.д-р Сашо Коруноски-Декан на ФТУ

Следејќи ги препораките на Европската агенција за евалуација во високото образование, факултетот во овие моменти е на чекор од добивање акредитација и сертификат за светско образование од областа на услужните дејности. Факултетот на студентите им нуди и можности за продолжување на студиите и стекнување со повисоки титули.

„Според досегашното искуство, нашите студенти најчесто ги продолжуваат своите дипломи на нашиот универзитет, на нашиот факултет и тоа е особена чест, но и голема обврска да се продолжи со еден повисок степен на образование на дипломираните студенти и доколку одлучите да одите на други факултети и на други универзитети во Македонија, но и во странство нема да имате никакви проблеми токму заради потенцираниот квалитет, соработката и она што значи признавање на нашите дипломи на светските ширини, образовни. Затоа ние веќе имаме случаи на нустрифицирани дипломи во САД, во Канада, Германија, Австралија, насекаде.“-додаде Деканот

Деканот Коруноски дополни дека пред дипломираните студенти денес стои нов предизвик, а тоа е вработувањето, но тие како студенти на овој факултет вели се прифатени од сите институции како врвни стручњаци во својата област. На свеченоста беше потпишана и спогодба за соработка помеѓу Факултетот за туризам и угостителство и центарот за развој на југозападниот плански регион со цел понатамошно развивање на овој универзитет и овој факултет како еден од најдобрите во регионот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top