Ознака: георгиески

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ИЗВРШИ УВИД НА ТЕКОВНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА

Post Views: 3 Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет. На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници. Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска...

Continue reading

Георгиески: Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование

Post Views: 12 Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование во нашата држава, пишува кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески. Продолжуваме со ИНВЕСТИЦИИ во сите училишта и ги подобруваме условите за учениците. Работиме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема за сите основни и средни училишта. Создаваме услови за воспитување и образование во сите делови на градот, обезбедуваме квалитетно образование достапно за сите. Во претстојниот мандат ПРЕДВИДУВАМЕ, изградба на нови...

Continue reading

Пецаков има коалиција со народот, а ЌЕ Георгиески со урбаната мафија и затоа ќе доживее катастрофален пораз!

Post Views: 6 ЌЕ Георгиески е во паника и очај затоа што ги губи изборите и никаква црна кампања не може тоа да го спречи, се вели во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. „Никако да излезе од предавничката матрица на СДСМ, па по катастрофалниот пораз без срам реши да се појави и да прочита нарачан текст од неговиот партиски ментор Заев. Неспособниот Георгиески и СДСМ единствено што успеаја да направат се хаос со плажите, платформите и урбаната опрема. Охриѓани и туристите беа сведоци дека селективниот Георгиески дозволи узурпација на јавниот простор со лежалки,...

Continue reading

Oбвинувања од ОК на ВМРО ДПМНЕ за отчетот на градоначалникот Константин Георгиески

Post Views: 1 Според опозциската партија, една година Охрид нема градоначалник, а Георгиески се кити со туѓи перја. -Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните. Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија пред финансиски...

Continue reading

Градоначалникот Георгиески даде отчет за сработеното во првата година од мандатот

Post Views: 1 Враќањето на Финансиската стабилност на општината, беше еден од најважните приоритети на оваа локалната власт, со овие зборови градоначалникот Константин Георгиески го започнува отчетот за сработеното во првата година од мандатот. „По речиси две децении Општина Охрид конечно ќе има одблокирана сметка, благодарение на помошта од владата на Република Северна Македонија,  а тоа ќе значи поголема функционалност, многу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти како и поедноставен пристап до европските фондови. “ – кажа Георгиески. Препознавајќи ги...

Continue reading

Пецаков: Дали Георгиески победи на наместени избори во Охрид?

Post Views: 2 Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на СДСМ и охридскиот градоначалник за местење на парлaмeнтарните и локалните избори во Охрид. Се повикуваат на изјавата од првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јованоски дадена во судскиот процес. Од ОК бараат МВР и обвинителството да поведат истрага против Зоран Заев за местење на изборниот процес и одговорност од градоначалникот Константин Георгиески, изјави Кирил Пецаков – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Бојан Јовански вели, цитирам: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше...

Continue reading

Георгиески: Пецаков има намера повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури

Post Views: 0 Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава под концесија најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро со што јасно кажа дека планира да ги поништи сите наши досегашни заложби, исполнувањето на препораките и почитувањето на законите, поради кои Охрид го зачува статусот на УНЕСКО, обвини денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески. Не можам да поверувам дека неговиот план е повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури и да го врати концептот...

Continue reading

Георгиески: Со ребалансот ќе се крати се освен капитални инвестиции

Post Views: 7 Се подготвува Ребалансот на Буџетот  тежок 40 милиони денари како заштеда во однос на расходната страна е подготвен. Кратење на трошоците за репрезентација се подразбира, трошењето на угостителски услуги и службени патувања  ќе се сведе на минимум, ќе се кратат голем дел непродуктивни трошоци вели градоначалникот Георгиески. „ На пример имавме планирано да набавиме пајак возило оваа година. Но тоа ќе го оставиме за некои подобри времиња. Беше планирана постапка за оперативен лизинг за набавка на возила за општината. И тоа ќе го одложиме. Дел од активностите на Секторот...

Continue reading

Георгиески: Посветени сме на подобрување на условите за младите

Post Views: 0 Посветени сме на проекти за подобрување на условите за младите охриѓани, напиша кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Константин Георгиевски. Доделивме вкупно 700 ученички и студентски стипендии за две години. Реализираме вредни инвестиции за подобрување на условите во сите училишта. Даваме голема поддршка за развој на спортот и спортските клубови. Започнавме процедура за отстапување на простор и формирање Младински Центар во поранешната касарна. Во текот на наредниот период изготвуваме: -Младинска програма -Младински буџет -Стратегија за млади -Стипендии...

Continue reading

Георгиески : Градиме нови пречистителни станици, грижата за Охридското Езеро на највисоко ниво

Post Views: 7 Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани. Согласно препораките наУНЕСКО, беше формирано ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија, истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Локалната самоуправа...

Continue reading

Георгиески: Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава

Post Views: 1 По повод 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид. – Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава. Генерации наши револуционери и борци ги вградиле своите животи, водени од идеалот за самостојна држава, за праведен живот и социјална еднаквост. Денес, ние им се поклонуваме на сите кои придонеле да ја имаме нашата дражава, која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани. Пред нас денес стојат нови искушенија и предизвици,...

Continue reading

Георгиески : Градиме нови плоштади и го враќаме сјајот на охридската чаршија

Post Views: 19 „Урбана култура“ е еден од клучните проекти во нашата предизборна програма кој наскоро започнува да се реализира. Со овој проект се обезбедува комплетно нова слика на најцентралниот и најфреквентниот дел на градот. – истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Како прва фаза од реализацијата на проекот е реконструкцијата на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“. Реконструкцијата предвидува замена на постојниот плочник со нови гранитни плочки, замена на постојната фонтана,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top