Георгиески: Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование

Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование во нашата држава, пишува кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески.

 |   | 

Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование во нашата држава, пишува кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески.

Продолжуваме со ИНВЕСТИЦИИ во сите училишта и ги подобруваме условите за учениците. Работиме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема за сите основни и средни училишта. Создаваме услови за воспитување и образование во сите делови на градот, обезбедуваме квалитетно образование достапно за сите. Во претстојниот мандат ПРЕДВИДУВАМЕ, изградба на нови објекти на основните училишта „Григор Прличев“ и „Братство Единство“, комлетна реконструкција на гимназијата „Свети Климент Охридски“, проекти за поддршка на дуалното образование, иницијатива за отворање на нови паралелки во медицинските струки и многу други инвестиции, додава Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top