Пецаков: Дали Георгиески победи на наместени избори во Охрид?

Вмро Дпмне на прес конференција упати  обвинувања на адреса на СДСМ и охридскиот  градоначалник за местење на парлaмeнтарните и локалните избори во Охрид.

 |   | 

Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на СДСМ и охридскиот градоначалник за местење на парлaмeнтарните и локалните избори во Охрид.

Се повикуваат на изјавата од првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јованоски дадена во судскиот процес. Од ОК бараат МВР и обвинителството да поведат истрага против Зоран Заев за местење на изборниот процес и одговорност од градоначалникот Константин Георгиески, изјави Кирил Пецаков – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бојан Јовански вели, цитирам: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“, затворен цитат. Од ова тврдење на Заев може да се заклучи дека КГ победил на местени избори зад кои стоел Заев со помош паравојската на осудениот за рекет Зоки Кичеец, кој во меѓувреме беше ослободен од домашен притвор. Во прилог е и тоа што средбата меѓу Бојан и Заев е на 3 април на стартот на изборната кампања за предвремените локални избори за Охрид кои се одржаа на 21 април. Бараме МВР и обвинителството да спроведат темелена истрага за локалните избори за кои се тврди дека се местени од Заев. Бараме одговри од Константин Георгиески и доколку постои вмешаност негова одговорност и оставка“.

Покрај истрага за случајот, од ВМРО ДПМНЕ бараат и одговори од актуелниот градоначалник Константин Георгиески и доколку постои вмешаност, негова одговорност и оставка.

Врз основа на тоа како ќе се одвива истрагата, а понатаму и судбината на тој процес ќе бараме ревизија на сите одлуки на градоначалникот кој според тврдењето на Заев, кое го пренесува првообвинетиот Бојан Јовановски, победил на наместени избори со паравојската на Зоки Кичеец, рече Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top