• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески : Градиме нови пречистителни станици, грижата за Охридското Езеро на највисоко ниво

Георгиески : Градиме нови пречистителни станици, грижата за Охридското Езеро на највисоко ниво

Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани, истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

 |   | 

Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани. Согласно препораките наУНЕСКО, беше формирано ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија, истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Локалната самоуправа беше вклучена во постапката за поделба на МЈП „Проаква“, со што се решија долгогодишните проблеми со натрупаните милионски долгови, кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата. Изготвена е Студијата за валоризација на Охридското Езеро, со која сеобврзавме за директно учество во заштитата на биолошката разновидност. Оваа студија ќе обезбеди висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот. Остануваме максимално посветени на заштитата на езерската вода и креираме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина – потенцираше Георгиески.

Предвидуваме изградба на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, со што ќе се надминат проблемите со отпадните води, вели Георгиески.

Исто така, остануваме посветени на новиот концепт за уредување на крајбрежјето кој ќе биде во согласнот со Планот за управување со светското природно и културно наследство и со сите еколошки стандарди за заштитаОхридското Езеро. Во текот на изминатите 4 години во Охрид е инвестирано како никогаш до сега. Носиме нови проекти за подобри услови за животот на сите наши граѓани. Силната динамиката не смее да запре во ниту еден момент – кажа Георгиески.

Имаме јасна визија за развој во сите сфери на општественото живеење, затоа на 31-ви октомври заокружете го бројот 12 и изберете го најдоброто за нашиот град. На 31-ви октомври заедно да продолжиме напред и да донесеме уште една голема победа во Охрид, додава Констанин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top