Ознака: вчера

Daljan

Светна населбата Далјан

Post Views: 9 Жителите од населбата Далјан, вчера  покажаа висока еколошка свест. Во акцијатат за расчистување на потегот од поранешната стара зграда на морнарицата , плажата и училишниот двор се вклучиле 50 граѓани. Со заеднички  сили екологистите  го светнаа Далјан. На јавниот повик преку медиумите и социјалните мрежи се одѕвале  30 возрасни и 20 деца на возраст од 7 до 15 години. Во расчистувањето на натрупаниот смет на лоаклните депонии низ населбата им помогнале и 5-мина вработени од Комуналец. Биле исчистени и одвезени четири камиони со смет. Ова е втора акција во која жителите...

Continue reading

slavija

Извинете, лапсус

Post Views: 11   Продажбата  на хотелот „Славија“, лапсус. Вака денес од Агенцијата за привлекување странски инвестиции ја објаснија информацијата која вчера ја дал нивниот директор Висар Фида, на брифинг со новинари во Скопје а која одекна во сите медиуми. Од агенцијата за ТВМ велат дека купопродажбата не е извршена и додаваат дека во прашање била грешка во комуникацијата помеѓу нивниот директор и новинарите. Инаку хотелот „Славија“ во моментов се наоѓа под хипотека од Охридска банка чиј корисник е познатиот бизнисмен, Зоре Темелковски. Темелковски за нашата телевизија изјави дека...

Continue reading

parking aparat

50 денари за поминување по сообаќајница

Post Views: 0 Доколку сакате да поминете по сообраќајницата Македонски просветители во делот помеѓу двете рампи, треба да платат 50 денари. Од оваа нова појава најпогодени се дитрибутерите кои и по неколку пати во денот минуваат тука вршејќи дотур на стока.  При влез на рампата кај поштата добивате жетон, но со него не можете да излезете на рампата пред Капетанија, затоа што на неа пишува дека за излез треба картичка, која ја имаат само жителите на стариот дел од Охрид. По поплаките кои ги добивме, за проблемот со кој се соочуваат сите, освен жителите на стариот дел на Охрид, се уверивме...

Continue reading

parcela Daljan

Во Далјан се гради на парцела без сопственик-тврдат жителите

Post Views: 9 Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид. „Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот...

Continue reading

ukica

Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

Post Views: 12 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски, преставникот...

Continue reading

manjak

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 1 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите...

Continue reading

gun

Србин-убиец фатен во Охрид после 10 години во бегство

Post Views: 21 Србин кој 10 години е во бегство, а се барал поради убиство и претепување во Србија бил уапсен во Охрид.  На 37-годишниот Владимир Јорга од Панчево му се заканува затворска казна од 20 години. Јорга во Србија се бара за убиство над Г.Г. кое го извршил во 2002 година, како и за нанесување на тешки телесни повреди врз малолетникот А.Љ. Од српското министерство за внатрешни работи за српските медиуми велат дека тој бил уапсен вчера попладне во Охрид во заедничка акција на македонската и српската полиција а во земјава влегол со босанска патна исправа. По завршувањето на...

Continue reading

pomor

Помор на плашица во каналот Студенчишта

Post Views: 11 Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата.   „ Вчера кон 15 и 30 часот,  наеднаш најдоде риба од горната страна  на каналот и за 15 минути се преполна овој дел со риба. Тоа беше нешто невидено. Десетина луѓе собираа риба со ќепчиња. Од кај ги донесоа ќепчињата не знам, се снајдоа. Ние години сме со рибиве и по мои претпоставки мислам дека 3 до 4 тони риба овде имаше...

Continue reading

proekt

Министерот Тодоров ја посети Опша болница

Post Views: 9 Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети охридската Општа  болница и оствари средба со менаџерскиот тим. Тодоров при тоа најави негов личен ангажман за што поскоро надминување на проблемот околу реконструкцијата на старото болничко крило. „Станува збор за проблем на кој сум фокусиран уште од првиот ден од кога сум на чело на Министерството за здравство. Проблемот е во начинот на кој е изведена целата работа, проектот е прилично лошо направен и како резултат на тоа дојдовме до ситуација да размислуваме дали истиот да се реновира или целосно да биде урнат“,...

Continue reading

pozar

Пожарот ставен под контрола, се бара виновникот

Post Views: 5 Пожарот кој вчера околу 10 часот изутрина ја зафати шумата на потегот Опеница-Прентов мост е целосно ставен под контрола. Како што ТВМ информираше, во интервенцијата беа вклучени и двата специјални авиони-канадери. Со заедничката интервенција на противпожарните служби, двата авиони и локалното население, пожарот беше ставен под контрола. Шефот на заштита од ЈП „Македонски шуми“, Јовче Цветкоски кој сеуште е на терен, не информираше дека првичните проценки говорат за околу 300 хектари опожарена површина, но бројките сеуште не се потврдени. Цветкоски додаде дека во моментот...

Continue reading

svr

Охриѓанка го бранела момчето од полицајци со скршено шише в рака

Post Views: 0 Со скршено шише в рака, дваесетгодишна девојка вчера претпладне се обидела да спречи полицајци да го приведат нејзиниот 22 годишен невенчан сопруг.Настанот се случил во 10.30 часот во Охрид, на ул.„Сирма Војвода“ бб, при обид за приведување на А.И.(1989) од Скопје. Тогаш неговата невенчана сопруга А.П.(1991) со скршени стаклени шишиња се упатила кон нив и на краток период ги спречила да ја остварат намерата.Двајцата подоцна се приведени во Полициската станица во Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

edrilici

Илинденската едриличарска регата-магнет за туристите

Post Views: 1 Охрид изобилува со културни случувања во летниот период. Од концерти, до фестивали и изложби, но почнувајќи од вчера вниманието посебно го привлекува традиционалната Илинденска едриличарска регата. Со бројните меѓународни натпреварувачи, регатата покрај својот рекреативен и спортски карактер, нуди и одлични можности за промоција на Охрид, надвор од границите на земјата. Од вчера, во водите на Охридското Езеро започна 43то издание на традиционалната Илинденска едриличарска регата. Охрид најчесто го понесува епитетот „град на културата“, но Илинденската регата нуди одлична...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top