Tag: вчера

Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода

Охриѓани вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето на градот. Граѓаните реагираат дека вода немало повеќе од тоа што беше најавено. Од „Проаква“ со објаснување зошто се пречекорил рокот. Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето...

Continue reading

Во охридско- струшкиот регион вчера се случија три сообраќајни незгоди

Во охридско- струшкиот регион вчера се случија три сообраќајни незгоди од кои во едната има и жртва, а во другата лицето се здобило со тешки телесни повреди. Од СВР упатуваат апел до возачите и пешаците  строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се прилагодува брзината на условите на патот и исклучиво да се преминува на пешачки премин како би се избегнале вакви сообраќајки кои често имаат и жртви. Синоќа на улицата „15-ти Корпус“, во близина на бензинската пумпа „Навис“ се случи тешка сообраќајна незгода. Од СВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил...

Continue reading

Охриѓани со бурни реакции по вчера поднесениот обвинителен акт убиството на младиот Димитар

Вчера основното јавно обвинителство од Охрид покрена обвинителен акт против српски државјанин за сторено кривично дело „убиство“. Бурни реакции меѓу охриѓани, особено на социјалните мрежи, по вчерашното соопштение на основното јавно обвинителство од Охрид дека е поднесен обвинителен акт за сторено кривично дело „убиство“ против српскиот државјанин, кој на новогодишната ноќ пред кафе барот “Табана“ смртно претепа 27 годишен охриѓанец. Реакциите на граѓаните произлегуваат од самото дело за кое се товари странскиот државјанин „убиство“, а не она што јавноста го очекуваше, дека истиот ќе одговара...

Continue reading

piroman

Приведен пироман кој палел вегетација

Жител на Дебар вчера во попладневните часови палел нискостеблеста вегетација кај Инекс Горица, при што предизвикал пожар.  Пожарот е изгаснат, а лицето приведено во СВР Охрид. Екипите на Секторот работат на случајот, односно откриваат под кои околности дошло до опожарувањето. Вчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично...

Continue reading

logo

„Купи куќа, купи стан“ презентацијата стартува од Охрид

Презентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи вчера во Охрид е презакажана за денес попладне, информираа од Министeрството за финанасии. Презентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи вчера во Охрид е презакажана за денес попладне, информираа од Министeрството за финанасии. Според најавите, сите заинтересирани граѓани ќе може да ја посетат презентацијата и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом во 17:30 часот во зградата на општина Охрид. На презентацијата ќе бидат присутни претставници на Министерството за финансии,...

Continue reading

Втората црна кутија од Germanwings потврдува намерно рушење на авионот

Податоците од втората пронајдена црна кутија потврдиле забрзување на авионот кон Алпите Податоците покажале “константно забрзување, додека авионот одел кон планината”. Како што пренесуваат агенциите, снимачот на звук и другите податоци од црната кутија ги потврдиле сознанијата дека копилотот Andreas Lubitz сочекал пилотот да излезе од кабината, ја заклучил вратата, а потоа намерно го насочил авионот кон планината и се одвел себеси и уште 149 лица во смрт. “Првото читање покажало дека копилотот во кокпитот користејќи го автопилотот го насочил авионот кон земјата, ја намалил висината, а потоа...

Continue reading

logo

Добитници и губитници

Вчера во Долби театарот во Лос Анџелес, по 87-ми пат, беа доделени престижните филмски награди Оскар. Вчера во Долби театарот во Лос Анџелес, по 87-ми пат, беа доделени престижните филмски награди Оскар. Најголемиот победник беше Birdman на Алехандро Гонзален Инариту, кои ги освои наградите во главните категории – најдобар филм, режија и оригинално сценарио. Кај актерите немаше големи изненадувања – Еди Редмејн очекувано ја однесе Златната статуетка за неговото портретирање на познатиот физичар Стивен Хокинг во драмата The theory of Everything, а Џулијан Мур го доби првиот Оскар за улогата во...

Continue reading

Apple стана прва компанија во светот по пазарна вредност

Apple ја премина вредноста од 700 милијарди долари Apple вчера стана првата компанија во светот со пазарна вредност поголема од 700 милијарди долари, бидејќи цената на акцијата на овој технолошки џин скокна за околу 2%, по соопштението дека ќе ги намалат трошоците за работа. Пазарната вредност на Apple достигна 710 милијарди долари, откако цената на акцијата порасна за 1,9%, на 122 долари, па така компанијата се зацврсти на чело на листата најголеми светски компании по пазарна капитализација. Цената на акцијата на овој технолошки џин непрестано расте откако неодамна соопштија дека во последното...

Continue reading

Гранатирана автобуска станица во Доњецк

Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени рано утрово кога граната погодила автобуска станица во населбата Ленински, во Доњецк, на истокот од Украина, соопштија официјални лица на Народната Република Доњецк. Спрема првичните информации, гранатата е испукана околу 9 часот по локално време од минибус, пренесува Tass. До гранатирањето дошло откако Русија и Украина вчера постигнаа договор за процедурата на повлекување на тешкото оружје на истокот од Украина. Спрема зборовите на министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top