Вонредна состојба поради поплави

Во опасност околу 500 куќи, а најголема опасност денес околу пладне

 |  инфодеск  | 

Поради обилни дождови во Загреб и околината во текот на ноќта имало повеќе од 65 интервенции во поплавени куќи и подруми, известија утрово од загребачкиот центар 112.

Од вчера од 18 часот до три наутро на терен имало 65 интервенции на противпожарните единици на испумпување на вода од подруми и приземја на куќи на цела околина на Загреб, а најмногу во Кашина, Великогорската околија и Зелински крај, истакнуваат од центарот 112 на државната управа за заштита и спасување.

Проценуваат дека до утрово ќе имаат преку 100 интервенции бидејќи повиците од граѓаните не престанувале па од 3 до 5 утрово имале преку 30 интервенции.

Управата за заштита и спасување на Загрепската жупанија соопшти дека утрово одржале вонредна седница. Заклучено е дека поради обилни врнежи, топење на снегот, зголемен раст на подземни води, запушени канали дошло до поплавување на повеќе локации на подрачјето на Велика Горица, Врбовец, Ивањиќ Град, Дуго Село, Св.Иван Зелине, општина Градец, Раковец, Фаркашевец, Писаровина, Орле, Покупско и Брцковљани.

Состојбата во подрачјето на Врбовец и понатаму е сериозна, посебно во населбата Лука, а во населбата Брчевец може да се пристапи по патот, што вчера не било случај. Зоран Марковиќ од Хрватски води, истакна дека е најкритично во великогоричкиот крај во Петровина, Мрацлин и Чичка Пољана.

На повеќето загрозени локации на подрачјето на Загрепската жупанија на снага се мерки за одбрана од поплави, и утрово е прогласена и вонредна состојба на заштитната водна градба во Пољански Луг, каде е измерен максимум на водостојот од 622 цм.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top