Ознака: војвода

zgradi

Откриени проблеми во социјалната зграда – можно е некој да остане без станарското право

Post Views: 2 Будно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов.  Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој. „Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на...

Continue reading

sirma vojvoda

„Сирма Војвода“ се дави во кал

Post Views: 4 Со гумени чизми, најлонски кеси на нозете, испокршени коли, зимно време кал и вирови, летно време прашина, вака години наназад  живеат жителите на дел од улицата Сирма Војвада. Тие велат  дека по ваква улица цела со дупки минуваат секојдневно одејќи на работа, училиште и до болница. Бараат општината да се нафати и да ја асфалтира улицата и потесните улички кои водат до нивните домови. Цветан Андоновски крајно е револтиран од според него неодговорниот однос на надлежните институции за асфалтирање на патиштата. Тој е повратник од Германија и нагласи дека за 40 години колку...

Continue reading

Nikola Bakraceski

Изминуваат првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот Бакрачески

Post Views: 1 Никола Бакрачески, Градоначалникот на Охрид денес на градскиот базен ја отвори летната школа за пливање, „Делфина 2013“. Тој  истакна дека враќањето на некогашниот сјај на пливачките спортови во нашиот град, претставува приоритет не само на Локалната самоуправа, туку и за него како градоначалник, бидејќи пливањето и ватерполото се спортските дисциплини коишто оставија најголем печат на спортскиот живот во Охрид во изминатите неколку децении. „Од тие причини Секторот за јавни дејности има добиено посебни инструкции за развојот на овој спорт и сметам дека заживувањето...

Continue reading

dzubre

Градежен отпад се фрла насекаде

Post Views: 1 Дворно место од станбен комплекс на ул „Галичица“, затрупано во градежен шут. И не само градежен шут, на тоа место може да се забележи и покуќнина, кревет и сл, но и зелен отпад. Расфрлан е насекаде, како резултат на несовесното однесување на поединци, укажуваат мештаните од ова маало. Јован Наумоски и јавно проговори за проблемот со градежниот шут. „Од кога се реновираше зградата на поткровјето остана еден огромен дел нафрлан како шут, многу време е тоа, скоро две три години но сега последниве денови сите околни куќи и жители од оваа мала го фрлаат својот градежен шут...

Continue reading

karpos

Улицата „Карпош Војвода“, сообраќаен проблем

Post Views: 2 На ул „Карпош Војвода“ вчера во попладневните часови настрада пешак. За жал овој настан не е единствен. Очигледно оваа улица претставува магнет за сообраќајни незгоди бидејќи за нецела година, последниов случај е 6 по ред. Жителите на ул Карпош Војвода сериозно се загрижени за безбедноста на нините деца. Тие не сакаа да зборуваат пред нашата камера но сметаат дека од страна на надлежните институции треба да се преземат повеќе безбедносни мерки, дури и дислокација на контењерите на ЈП „Охридски Комуналец“, кои се причина за предизвикување на повеќе инциденти. Точно тука,...

Continue reading

dalnovod

Сабота и недела реонот на Охрид без струја

Post Views: 5 Од МЕПСО ја известуваат јавноста дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота, 13-ти април во интервалите од 08:00 часот до 16:00 часот и недела, 14-ти април во интервалите од 08:00 часот до 18:00 часот.– МЕПСО и ЕВН Македонија ќе бидат во постојана координација, стои во заедничкото соопштение. Додека...

Continue reading

stankoski Aleksandar

Станкоски – Советничката плата ќе ја давам на оние на кои им е неопходна

Post Views: 0 Адвокатот Александар Станкоски, носител на независна советничка листа во Охрид продолжува со претставување на својата програма пред охриѓани од кои во недела ќе ја побара довербата за да седне во градскиот совет. Тој  денешната прес-конференција  ја одржа на пресекот од улиците „Сирма Војвода“ и „Карпош Војвода“ каде што и живее со своето семејство, еве зошто: „На ова место, многу често на оваа раскрсница се случуваат сообраќајни незгоди, поради што сметам дека власта треба да изнајде ново сообраќајно решение да го подобри сообраќајното решение со цел да се избегнуваат...

Continue reading

Sirma Vojvoda

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 1 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески. „ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои...

Continue reading

karpos vojvoda

Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“

Post Views: 1 Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон  детското игралиште,  контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила.  Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат...

Continue reading

gali

Започнува летниот сообраќаен режим

Post Views: 3 Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и  „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди на...

Continue reading

smet

На ул. Дејан Војвода никна мини депонија

Post Views: 2 Во центарот на Охрид никна мини депонија. Жителите на улицата Дејан Војвода се жалат дека поради непријатната миризба неможат да отворат нити прозорец. Велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП Охридски комуналец, но одтаму никој не превзел ништо за решавање на проблемот. Од ЈП Охридски Kомуналец признаваат дека проблемот им е добро познат и тврадат дека тоа не е виновен никој друг туку самите жители, кои продолжиле да фо фрлаат смето на локлацијата каде до неодама имало контењери.  „Сакам да потенцирам дека контењерите кои беа поставени на оваа локација беа наменети...

Continue reading

ul Dejan Vojvoda

Жителите од ул. „Дејан Војвода“ под стрес од пајакот

Post Views: 34 До нашата редакција во неколку наврати пристигна  реакција по електронска пошта  од наш сограѓанин, а  во име на жителите од улицата Дејан Војвода. Станува збор за една од најфрекфентните улици во строгиот центар на градот. Во дописот тие молат за помош поради  секојдневниот стрес што го доживуваат при подигање на возилата од пред нивните дворови. „ Жители од оваа улица се жалат дека возилата од пајак службата секојдневно ги вознемируваат.По нарачка од нивни моќни соседи им се подигаат возилата од пред нивните домови“. Понатака во дописот се наведува дека се креваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top