На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж.

 |  Валентина Неловска  | 
Sirma Vojvoda
Siram Vojvoda

Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески.

vozila „ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои пренесуваат градежен материјал кон градилиштето Бејбубар. Улицата  е тесна не можат да се разминат тешките возила, свират, се создава гужва, улицата се тресе под товарот на камионите и механзацијата, не можеме повеќе да издржиме“, се жали Петрушески.  

Никола Чадоски,  сосед  на Петрушевски,  посакува  да ја смени  дури и адресата на своето живеалиште на кое живее повеќе  од 40 години.

„Плацот го имам од 1964 година. Овде се беше зелено и мирно. Сега , со сообраќајот на улицата е неподносливо ако имам можност да најдам место надвор од тука, би ја продал куќата и би заминал од оваа бучава“, вели Чадоски.

vozilaЛуѓето кои живеат на улицата за нивниот проблем бараат спас од Локалната самоуправа. Предлагаат дури и воведување на еднонасочен сообраќаен режим и на нивната улица. Сепак, решение за растеретување на сообраќајниот метеж гледаат во отварање на улицата Сирма Војвода, која е слепа улица,  позади блокот згради. Петрушевски верува  дека 150 метарскиот пат кој би се отворил на тој потег ќе ја намали несносливата бучава од возила.
Од Локалната самоуправа, за овој проблем на жителите на кракот Сирма Војвода, информираат дека пробивањето на улицата е запрено заради нерешени имотно-правни односи. По расчистувањето на имотните односи општината ќе го отвори овој крак за патен сообраќај, објаснуваат од таму.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top