Станкоски – Советничката плата ќе ја давам на оние на кои им е неопходна

Адвокатот Александар Станкоски рече дека нуди издржана и реална програма.

 |  Маленкова Татјана  | 
stankoski Aleksandar
Станкоски Александар

Адвокатот Александар Станкоски, носител на независна советничка листа во Охрид продолжува со претставување на својата програма пред охриѓани од кои во недела ќе ја побара довербата за да седне во градскиот совет. Тој  денешната прес-конференција  ја одржа на пресекот од улиците „Сирма Војвода“ и „Карпош Војвода“ каде што и живее со своето семејство, еве зошто:

„На ова место, многу често на оваа раскрсница се случуваат сообраќајни незгоди, поради што сметам дека власта треба да изнајде ново сообраќајно решение да го подобри сообраќајното решение со цел да се избегнуваат вакви сообраќајни незгоди. Оваа улица пред нас сметам дека за функционалност на овој дел треба да биде поврзана со улицата која треба да оди према бараките“, рече Александар Станкоски, носител на независна советничка листа.

Станкоски денеска ги пренесе неговите како и забелешките на неговите соседи што непосредно пред Aleksandar Stankoski болницата лоцирана е продавница за погребална опрема. Тој потенцираше дека во новиот совет ќе предложи како и во другите држави да се одредат места на кои ќе може да се утвди какви дејности и какви продавници ќе може да се отвараат.
Станкоски изјави дека неговиот мотив да стане советник не е за да се стекне со било каква материјална корист. Како потврда за тоа е неговото откажување од советничката плата.

„ Како човек живеам со проблемите на мојот град секојдневно. Гледам како тешко го поминуваа месецот, затоа одлучив мојата плата како советник во општината за целокупниот мој мандат да ја донирам на оние лица на кои им е нјпотребна. Секој месец мојата плата ќе се дава на лица на кои навистина тие примања им се најпотребни и ќе укажуваме различно према потребите на лицата“, истакна Станкоски.

Станкоски повика овие избори да бидат фер и демократски затоа што овој народ го заслужува тоа. Ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да направат разлика помеѓу носителите на независните листи и  оние кои се од политичките партии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top