Ознака: возила

Германија воведува вињети за сите патишта

Post Views: 12 Патувањето со автомобил низ Германија во иднина странците ќе ги чини најмалку 10 евра повеќе отколку досега. Имено, толку ќе чини најефтината 10 дневна вињета за возење по патиштата низ Германија. Едногодишната вињета ќе чини 100 евра, а за два месеца 20 евра. Германскиот министер за сообраќај, Alexander Dobrindt, одлучил тоа да важи за сите германски патишта за да нема излегувања од автопатиштата за да се заштеди возејќи по останатите споредни патишта. -Вињета, само по автопат би довела до преусмерување на сообраќајот, а тоа не сакаме да го направиме – вели министерот,...

Continue reading

soobrakajka

Три лица загинаа во сообраќајна незгода кај Елешец

Post Views: 1 Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден. „Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две...

Continue reading

galicica

Митрески-На Галичица да се направи пункт за одржување на патиштата

Post Views: 1 На НП „Галичица“ се налага потреба од изградба на пункт за одржување на патиштата. Тука се наоѓа највисокиот патен премин во Македонија на 1600 метри надморска височина. Територијата на патот опфаќа две општини, Охрид и Ресен. Во границите на паркот има 18 села, од кои 14 на охридска територија и 4 на ресенска. Од ЈП „Македонија пат“, Јован Митрески, раководителот на секцијата Охрид, признава дека условите за одржување на овој патен правец се исклучително тешки не само за зимското оддржување туку и воопшто. „Изобилува со мошне стрмни и несигурни делови од патот, нормално...

Continue reading

Неколку интервенции за извлекување на заглавени возила на превојот на Галичица

Post Views: 4 Од планинснката спасителна служба со апел до граѓаните, со возила да не го минуваат превојот на Галичица, односно строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација. За само неколку дена од службата одговориле на два повици за извлекување на заглавени возила, од кои едното дури и со погон на 4 тркала. Поради последните врнежи од снег и специфичните температурни услови, во моментов владеат можеби најнеповолни услови за пробивање низ снежната покривка, која на места од коловозот надминува 60 цм, а има и доста поголеми навеви, објаснуваат од службата. Планинската...

Continue reading

kamioncinja

ЈП „Охридски Комуналец“, ќе добие нови возила

Post Views: 0 ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја обновува застарената механизација. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека најверојатно тоа ќе се реализира со средства од кредит на Светска банка. Од ЈП веќе ја изготвуваат листата на приоритетни возила кои треба да се набават. Ќе се обновува возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“. Старите дотраени камиони за подигање на смет постојано се расипуваат па од таму потребата за набавка на нови. Како што изјави градоначалникот  Никола Бакрачески, Локалната самоуправа при крај е со изготвување на документацијата за апликација до Светска...

Continue reading

spark

Возниот парк на СВР – Охрид збогатен за десет нови полициски возила

Post Views: 1 Десет нови возила  и за потребите на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар. Во Охрид ќе останат пет возила за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности. Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите за...

Continue reading

Едно лице го загуби животот во директен судир на две моторни возила кај Арбиново

Post Views: 8 Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа меѓу селата Песочан и Арбиново. Две лица во несреќата се тешко повредени, од кои едно е во критична состојба по директниот судир на две моторни возила што се случи синоќа на автопатот во изградба Охрид Кичево. Во несреќата било опожарено возило за достава кое целосно изгорело. Увид на местото на несреќата извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Охрид, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Граѓаните се почесто ја доживуваат оваа сообраќајница како автопат на смртта заради зачестениот број на несреќи и...

Continue reading

седница

Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија за периодот април – јуни

Post Views: 6 На  обемниот Дневен ред советниците ги разледуваа и усвои  точките кои се однесуваа на Годишните програми за работа  на основните и  средните училишта за периодот  2013 /2014 година. Исто така, беа усвоени и Програмите за изведување на училишните екскурзии. Поголема дискусија советниците поведоа околку точките за Извешатите од работењето на 8-те јавни претпријатија за пеиродот од 1 април до 30 јуни.Советниците дадоа зелено светло за извештаите, но при тоа го кажаа своите видувања и предлози за финасиското работење и работата воопшто на некои претпријатија.  Советникот...

Continue reading

stari avtomobili

Какви ефекти ќе има увозот на постари возила

Post Views: 6 Иницијативата за поместување на старосната граница за увоз на возила постари од 10 години ќе предизвика повеќе негативни ефекти што ќе ја засегнат државата и граѓаните и ќе ја намали развојната компонента на пазарот на нови возила, смета Групацијата на импортери на моторни возила. Tие во анализата испратена до премиерот Никола Груевски посочуваат дека најавените измени во Правилникот не ги засегнуваат многу зашто целната група потрошувачи кои сакаат да купат нов автомобил секако ќе го сторат тоа. – Сметаме дека овој предлог ќе ја намали развојна компонента на...

Continue reading

trotoari

Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Post Views: 2 Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи. „Пречат, секако...

Continue reading

soobrakajka Ohrid

Две жртви во сообраќајна несреќа на излез од Охрид

Post Views: 11 Две лицa ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што вчеравечер околу 19 часот се случи на магистралниот пат А-2 Охрид-Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун,Дебарца. Илинденскиот викенд заврши фатално за младите свршеници, кои вчера  си заминуваа од Охрид. 29 годишниот Дарко  од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода, а од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го управувал Дарко, поради тешките  повреди   на патот за болница му подлегнала  и неговата 25 годишна пријателка Билјана од Тетово, фармацевт ...

Continue reading

pozar

Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе

Post Views: 4   Утрово во пожар изгоре мајка и нејзиното три месечно бебе. Пожарот избувнал во 5 часот и 45 минути а пламените јазици до темел ја изгореа импровизираната куќарка сместена на ридот Чекоштина, Охрид, веднаш над бензиската пумпа Макпетрол. Пожарот бил забележан од страна на врабвотените во пумпата кои веднаш пријавиле во охридската против пожарна служба. „Со пријавувањето во противпожарната единица веднааш е интервенирано со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари, пошто непристапен е теренот има растојание од местото на лоцирање на противпожарните возила до објектот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top