Ознака: возила

Sirma Vojvoda

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 1 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески. „ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои...

Continue reading

ban ki mun

Прв степен на безбедност поради посетата на Бан Ки Мун

Post Views: 2 Специјалци, снајперисти, униформирани полицајци, контрола од воздух, вода и земја.  МВР подготвува  прв степен на безбедност поради гостувањето во Македонија на генералниот секретар на обединетите нации, Бан Ки Мун.  Поради пристигнувањето на високиот гостин во земјава формиран е и командно оперативнен штаб.Бан Ки Мун со неговото лично обезбедување пристигнува вечерва на охридскиот аеродромот Св. Апостол Петар. Низ градов ќе помине со новиот блендиран Мерцедес кој МВР го набави пред еден месец, вреден половина милион евра. Мерцедесот ќе го следат  моторцикли, а пред...

Continue reading

sednica

Охрид е безбеден

Post Views: 2   Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа  тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот.  Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување на...

Continue reading

Ohridsko ezero

Заштита на Охридското езеро-приоритет за сите

Post Views: 39 Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки. „Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува...

Continue reading

znak

Нов сообраќаен режим за нова туристичка сезона

Post Views: 0 Според стручните служби, тој единствено ќе се темели врз безбедноста на граѓаните и обезбедување на непречени сообраќајни токови. Службите објаснуваат и дека нивна интенција е се повеќе да се воведе еднонасочниот сообраќај, но додаваат дека за успешно спроведување на режимот, потребен е поголем напор, од повеќе чинители. „Годинава ќе имаме чекор напред во она што треба да значи безбеден, несметан и ефикасен сообраќај, низ охридските улици. Доколку немаме соработка со МВР и нивните репресивни ингеренции во однос на почитувањето на сообраќајната сигнализација и немаме...

Continue reading

kamionce

Охриски Комуналец се поднови

Post Views: 7 Охриски Комуналец се поднови. Механизацијата на ЈП од денес побогата за 4 возила, донесени од Германија, по релативно поволна цена. Предноста на овие специјални возила е тоа што тие слободно ќе можат да влезат во сокачињата и потесните улички, во кои досега пристапот беше тежок и тоа се изведуваше со трактори вели Сашо Алче, првиот човек на претпријатието. „Карактеристично за овие возила е што се релативно нови 2003 односно 2005. возилата се марка мерцедес со носивост 4 метри кубни пресован отпад еден спрема пет или 20 метри кубни отпад ќе собират тие возила“. Досега...

Continue reading

znak

Автобусите се паркираат без исаф

Post Views: 16 Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид. Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни....

Continue reading

taxi

Таксистите на мета

Post Views: 7 Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски  ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници...

Continue reading

пожар

Два пожари за два дена

Post Views: 10 Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува. A во вчерашниот пожар...

Continue reading

sneg

Граѓаните веднаш да ги отстранат паркираните моторни возила поради чистење на снегот

Post Views: 0 Поради сегашните и најавените  снежни врнежи , Локалната самоуправа  ги предупредува граѓаните , моторните  возила веднаш да ги тргнат од тротоарите и улиците, за да може надлежните служби да ги исчистат и да обезбедат  нормално одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците.Доколку граѓаните не ги почитуваат предупредувањата , надлежните органи ,  против несовесните граѓани ќе  поднесат соодветни пријави , а  возилата, на трошок на сопствениците , ќе бидат отстранети од тротоарите и коловозите. {loadposition content9}

Continue reading

minister Todorov

Министерството за здравство ќе набавува 80 современи амбулантни возила

Post Views: 0 Министрот за здравство Никола Тодоров ќе го реанимира македонското здравство. Најавува крупни промени кои значајно ќе влијаат во услугите кои им се пружаат на граѓаните. Во стартот на овие зафати, министерот најави проект за набавка на современи амбулантни возила. „Отпочнавме со имплементација на проект за набавка на 80 амбулантни возила. Некои ќе бидат со погон на две тркала, некои на четири тркала, а едно ќе биде специјано за транспорт на  деца (педијатриско амбулантно возило ).Овие возила ќе бидат распределени во сите градови на Р Македонија каде што има итна медицинска...

Continue reading

raskrsnica

Наместо семафори, четири кружни текови на „Туристичка“

Post Views: 3 Семафорите од ракрсниците на булеварот „Туристичка“ ќе заминат во историјата. Доколку се реализира програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, наместо семафори, ќе никнат кружни текови. Од секторот за сообраќај при општина Охрид со објаснување дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста, но и ќе се олесни протокот на возила на овие раскрсници. Наместо семафори, на „Туристичка“ четири кружни текови ќе го регулираат сообраќајот. Или барем вака ќе биде, доколку се реализира делот од програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година, кој се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top