Ознака: возачи

taksi

Објавен јавниот повик за пријавување на кандидати за добивање сертификат за такси возачи

Post Views: 1 Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки. Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се подигне...

Continue reading

такси

Локалната подготви програма за поефикасно работење на такси превозот во Охрид

Post Views: 3 Локалната самоуправа ќе воведува мерки за поефикасен такси превоз во градот. Програмата  утре ќе биде ставена на усвојување пред советниците на 35-тата седница на совет.  Со промените во превозот ќе бидат засегнати околу 350 такси превозници. ТВМ  ги контактираше претседателот на здружението на охридските таксисти и сопствениците на неколку такси компании за мерките кои  ќе се преземаат за  ефикасен такси превоз.  Повеќето од нив тврдат дека не ни знаат за програмата. Нагласуваат дека пред 2-3 месеци одржале работна средба со градоначалникот Бакрачески пред кого ги изложиле...

Continue reading

Казнети 3 возачи и 3 моторциклисти во Охрид

Post Views: 2 На подрачјето на СВР Охрид на 6-ти јуни 2021 година биле преземени засилени сообраќајни контроли. – Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид 3 и Струга 3). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 9 возачи кои во населено место управувале моторно возило...

Continue reading

gorivo

Совети како да заштедите гориво

Post Views: 7 Во време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри. Поради тоа неизбежна тема за која размислуваат сите возачи е како да вози најоптимално, односно, да минува што е можно повеќе километри со помалку гориво. За да ви ја олесниме маката ќе ви помогнеме со неколку совети за тоа: 1. Ако сакате на заштедите гориво потрудете се да возите под ограничувањето. Наместо 120 км/ч на автопат возете 100 км/ч, наместо 80 км/ч ограничете ја брзината...

Continue reading

авто школа

Со камери ќе ги снимаат часовите во Авто школите

Post Views: 2 Идните возачи и нивните инструктори под будното око на камерите. Во новиот предлог Закон за  безбедност во сообраќајот на патиштата предвидено е до 2017та година сите Авто школи во државава да вградат камери во училниците и во возилата со што ќе се снимаат теоретските и практичните часови.  Оваа новина не само што финансиски ќе ги оптовари авто школите бидејќи една таква камера чини околу 2000 евра, туку создава дополнителен стрес и кај кандидатите и кај инструкторите. Тие цело време додека се на предавање или додека возат ќе бидат сконцентрирани на камерата, а не на...

Continue reading

Казнети 20 возачи во Охрид и 29 во Струга

Post Views: 0 На 24-ти мај 2021 година, од 10:00 до 16:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа реализирани засилени акциски сообраќајни контроли. – Притоа, полициските службеници санкционирале 87 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 20, Струга 29, Кичево 15 и Дебар 23). Од нив, 39 возачи, ја пречекориле брзината надвижење во населено место (Охрид 12, Струга 12, Кичево 13 и Дебар 2) додека, 48 возачи управувале автомобил со поголема брзина од пропишаната, надвор од населено место (Охрид 8, Струга 17, Кичево 2 и Дебар 21). Акциските...

Continue reading

logo

ЕКО-активности на СВР Охрид

Post Views: 0 По повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, секторот за внатрешни работи Охрид, ќе спроведе превентивна позитивна акција во која, во соработка со Здружението на возачи-Охрид и авто-мото друштво „Технички преглед на возила“-Охрид, врз товарните и патничките возила ќе се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво. За таа цел, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, на улицата „7 ноември“ кај Здружението на возачи, ќе постави контролен пункт и ќе врши контрола и упатување на возила на вонреден технички...

Continue reading

policaec

Сообраќајната полиција од Охрид одзеде девет возачки дозволи на алкохолизирани возачи

Post Views: 6 Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање а девет возачи се исклучени од сообраќај во ноќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. По тие основи, сообраќајната полиција одзеде девет возачки дозволи и издаде исто толку платни налози. Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Вакви акциски контроли ноќеска се реализираа на целото подрачје...

Continue reading

policija cveke

Каранфил за жените возачи во Охрид

Post Views: 2 Традиционално, денеска на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, 8 ми март им го честитаа припадниците на охридската полициска служба. „Среќен празник од името на СВР“ Охрид, имаме чест да ви го честитаме денот на жената „8ми Март“ со ова убаво цвеќе“ – можеше да се слушне денеска од охридските полицајци кои и оваа година на исто место како и лани, на пресекот на Туристичка со Даме Груев,  ги сопираа жените возачи. „Во името на СВР Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честитам денешниот празник 8 ми март. Денеска СВР Охрид празникот...

Continue reading

Откриени над стотина возачи кои возеле пребрзо на делниците Охрид-Скопје и Охрид- Св.Наум

Post Views: 5 Откриени над стотина возачи како возат со преголема брзина на сообраќајните делници Охрид – Скопје и Охрид – Св. Наум во полициски засилени контроли. Осумнаесет возачи на автомобили „летале“ со брзина дури со над 70 км на час над дозволената брзина. Пребрзо возеле и 104ца возачи со над 50 км на час над дозволената брзина за движење. Ова се резултатите од реализираните 295 контроли на МВР во засилените полициски контроли во сообраќајот на овие два сообраќајни правци. Несовесните возачи за прекршоците во сообраќајот се санкционирани, информира Тони Ангелоски,...

Continue reading

Toro Roso

Торо Росо во потрaга по возачи

Post Views: 0 Челниците на екипата на Торо Росо, некогашниот Минарди, на првата проверка ќе тестираат тројца возачи, кандидати за место во италијанскиот тим. Во претходната сезона во Торо Росо се натпреваруваа Себастијан Фетел и Себастијан Бурде. Фетел потпиша за австриаскиот Ред Бул, каде ќе го замени Дејвид Култхард. Французинот Бурде ќе се најде на пробата, а ќе му се придружи и тест возачот на австрискиот Ред Бул, Себастијан Буеми и Такума Сато, поранешниот возач на Хонда. Нивните способности ќе бидат проверени на тридневната трка во Каталуња. Буред е четирикратен првак во Champ...

Continue reading

policija

Ригорозни казни за пијаните возачи

Post Views: 0 Горната граница за дозволена количина алкохол во крвта за возачите од сегашните 0,5 промили, од среда нема да важи, а полицијата ќе толерира единствено 0,1 промили. Ова се дел од измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кој се предвидуваат парични казни од 200 евра и тримесечно одземање на возачката дозвола за возачите кај кои ќе бидат измерени од 0,1 до 0,5 промили. Казните за возачите со над 0,5 промили ќе бидат одредувани пропорцијално во зависност од нивото на алкохол во крвта. Секој возач што ќе одбие да биде алкотестиран ќе треба да плати казна од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top