Казнети 20 возачи во Охрид и 29 во Струга

СВР Охрид повторно спроведе засилени контроли, а казнети се 20 возачи во Охрид и 29 во Струга.

 |   | 

На 24-ти мај 2021 година, од 10:00 до 16:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа реализирани засилени акциски сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници санкционирале 87 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 20, Струга 29, Кичево 15 и Дебар 23). Од нив, 39 возачи, ја пречекориле брзината надвижење во населено место (Охрид 12, Струга 12, Кичево 13 и Дебар 2) додека, 48 возачи управувале автомобил со поголема брзина од пропишаната, надвор од населено место (Охрид 8, Струга 17, Кичево 2 и Дебар 21). Акциските контроли во сообраќајот ќе бидат интензивирани во пресрет на туристичката сезона, со цел, подигнување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top