Казнети 3 возачи и 3 моторциклисти во Охрид

СВР Охрид на 6-ти имаше засилени контроли, а притоа казни тројца возачи и тројца моторциклисти.

 |   | 

На подрачјето на СВР Охрид на 6-ти јуни 2021 година биле преземени засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид 3 и Струга 3). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 9 возачи кои во населено место управувале моторно возило со поголема брзина од пропишаната. За сите прекршоци поднесени се соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top