Каранфил за жените возачи во Охрид

Празникот на жената одбележан со многу цвеќе и убави желби за понежниот пол. И годинава охридскта полиција се вклучи во одбележувањето на празникот така што на жените возачи им подари по еден каранфил.

 |  Николоска Биљана  | 
policija cveke
полиција цвеке

Традиционално, денеска на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, 8 ми март им го честитаа припадниците на охридската полициска служба. „Среќен празник од името на СВР“ Охрид, имаме чест да ви го честитаме денот на жената „8ми Март“ со ова убаво цвеќе“ – можеше да се слушне денеска од охридските полицајци кои и оваа година на исто место како и лани, на пресекот на Туристичка со Даме Груев,  ги сопираа жените возачи.

cveka„Во името на СВР Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честитам денешниот празник 8 ми март. Денеска СВР Охрид празникот на жените учеснички во сообраќајот го честита со еден каранфил и на тој начин ќе им ја искажиме почитта и ќе укажеме на потребата од безбедност и безбедно управување на возилата во собраќајот. Оваа денешна наша активност веќе станува традиција во нашата комуникација со јавноста поточно со жените одбележувајќи го овој празник“– Изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски.

Годинава во спроведувањето на оваа активност,  учествувал и македонскиот полициски синдикат, како што изјави полицискиот гласноговорник Стефан Димовски. Тој најави дека ваквата практика  продолува и во иднина, како форма на приближување на полициските служби кон граѓаните, конкретно кон целната група жени-учеснички во сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top