Ознака: водици

Црвениот крст со препораки за празникот Богојавление-Водици

Post Views: 5 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст...

Continue reading

Во тек е пријавувањето на фаќачите на чесниот крст за Водици

Post Views: 1   Тече пријавувањето на граѓаните кои на Водици, за здравје но и да си ја пробаат среќата, ќе скокаат во студените езерски води по чесниот крст. Од Дебарско – кичевската епархија информираа дека испечатени биле околу 600 маици од кои 300 биле донација на фармацевската компанија „Зегин“, а останатите од општина Охрид како и брошури кои веќе се делат на оние кои доаѓаат да се пријават. По повод одбележувањето на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“ прецизирана е и програмата на сите настани кои се предвидени за време на трите дена додека трае одбележувањето....

Continue reading

Се е подготвено за манифестацијата Богојавление – Водици

Post Views: 0   При крај се подготовките за организацијата на најголемата верска манифестација во Охрид, Богојавление – Водици. Денес во малата сала на општина Охрид се одржа состанок на координативното тело во присуство на сите институции, граѓани и поранешни фаќачи на крстот кои несебично секоја година ја поддржуваат општина Охрид во организацијата на овој настан. „Целата манифестација ќе се одвива во три дена, односно започнува на 17 јануари со документарниот филм на нуркачкиот клуб Амфора. Потоа на 19 е духовниот дел, односно фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро...

Continue reading

svr merki

СВР Охрид со безбедносни мерки од копно и вода за големиот празник Водици

Post Views: 8 СВР Охрид со последни подготвителни мерки во пресрет големиот празник Водици како би се овозможило безбедно одвивање на истиот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој воедно е и дел од координативното организационо тело за празникот, вели дека ќе се преземаат широк спектар на безбедносни мерки но карактеристични и редовни за еден ваков настан, без посебни зголемување на безбедносните мерки. Ова според него е доста важно бидејќи податоците говорат за многу малку нарушувања на јавниот ред и мир на овој ден во изминатите години, или без никакви нарушувања во последните...

Continue reading

konferencija

Меѓународна конференција „ Охрид- Водици 2016“

Post Views: 2 Охрид по четврти пат е домаќин на меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми „ Охрид- Водици 2016“. „ Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите” e главна тема на конференцијата . „ Охрид низ целата своја историја бил средиште каде се преплетувале, цивилизациите и културите, при што секоја од нив оставила неизбришлив печат на своето време. Воден како од некоја невидлива рака, со поединечни историски проблесоци, нашиот народ успеал...

Continue reading

ck

Клуб 25“ од охридскиот Црвен крст ја промовира крводарителната акција „Водици 2016“

Post Views: 9 Младите активисти при  ОО ЦК од „Клуб 25„ со флеш моб ги анимираа сограѓаните за утрешната крводарителна акција. Преку промоција на клубот кој има задача да ги мотивира младите луѓе и нивните активности се стави акцент на утрешната крводарителна акција „Водици 2016“, информира лидерот на клубот Васко Ѓорѓиевски. Во моментов  клубот брои 27 млади членови од кои повеќето се крводарители. „ Најчесто членовите се крводарители. Некои се со околу 7-8 крводарувања, некои се 18 годишници со околу 1-2 дарувања. Некои немаат дарувано ама  сакаат да бидат крводарители  и ќе се...

Continue reading

vodici

Привршуваат подготовките за одбележување на големиот христијански празници Водици

Post Views: 1 Последни подготовки во пресет одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Во духот на празникот, веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. И годинава во пресрет на празникот, на 18ти јануари ќе бидат доделени 50 хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства во Охрид а кои се обезбедени од страна на општината а во соработка со Црвениот крст.  Вечерта пак, екипите на Црвен крст на платото помеѓу Капетанија и ресторанот Чун ќе вршат превентивни прегледи на сите верници кои сакаат да скокаат по светиот крст во вторник....

Continue reading

nurkaci

Традиционално чистење на водата кај градското пристаниште во пресрет Водици

Post Views: 4 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.  Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот. „Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи, меѓутоа сепак...

Continue reading

logo

Атрактивни содржини и големи попусти за Водици

Post Views: 3 По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација. Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка  со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.Зимската туристичка понуда во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите...

Continue reading

Локалната максимално ќе се ангажира за достојно одбележување на Водици

Post Views: 5 Традицијата која го афирмира празникот, христијанските вредности, но и градот Охрид,  продолжува. Општина Охрид како што и во изминатите години активно беше вклучена и ги поддржуваше сите активности за празникот Богојавление – Водици, така и годинава со сите свои ресурси и материјални и човечки  ќе учествува во организацијата, како што истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески. „Градот Охрид како и минатите години ќе биде активно вклучен во организации на сите оние  активности манифестации и програми кои што ги предвидувавме како минатите години така и од оваа...

Continue reading

Приведен 41-годишен охриѓанец кој на Водици нападнал сограѓанин

Post Views: 6 На 21-ви февруари по преземени мерки и врз основа на решение од Основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Охрид. Тој, на 19-ти јануари 2022 година во 19:40 часот, во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид – информираат од МВР.

Continue reading

vodici

Здружението “Богојавление” се откажа од организацијата на Водици

Post Views: 6 Здружението на граѓани Богојавление се откажа од организацијата на Водици. Денеска на празникот Пречиста, традиционално се објавуваше името на новиот кум на манифестацијата. Но место тоа здружението преку соопштение ја извести јавноста дека организацијата на Водици 2016та и ја препушта на МПЦ. Од Дебарско кичевската епархија за ваквата одлука дознале од парохискиот свештеник на Првата варошка парохија кој пак бил известен од Здружението. Предходно немало средби и контакти помеѓу претставници на епархијата и здржението што би наговестило ваков тек на настаните, велат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top