Ознака: водици

Водици неработен ден за православните верници

Post Views: 6 Согласно Законот за празниците на Република Макединија, сабота 19-ти јануари Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во земјава, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Воедно оттаму упатуваат честитка до верниците по повод празникот.

Continue reading

Денес традиционална крводарителска акција „Водици 2021“

Post Views: 3 Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, под мотото „Една капка може да промени се“, денес ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2021“. Од охридскиот Црвен крст испраќаат покана до сите охриѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, за што, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им биде возвратено со должно внимание и скромни подароци.

Continue reading

Денес се слави големиот христијански празник Богојавление – Водици

Post Views: 0 Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој...

Continue reading

На Водици охриѓани ќе го погледнат дигиталниот Рибарски алманах

Post Views: 5 „Рибарски алманах“ ќе биде прикажан на видео бим на охридскиот плоштад на 19 и 20 јануари за Богојавленските празници. Охридскиот Историски архив и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на архивски материјал од регистар на лиценцирани рибари кои ловеле на Охридското езеро. Со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари од вкупно 480 регистрирани рибари. Станува збор за единствен архивски материјал од таков вид во нашата земја од периодот 1934 – 1941 година, информира Никола Митровиќ Бабе, в.д директор на Историскиот архив Охрид. „Во...

Continue reading

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 2 Викендов екипите на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште. Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби. Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Continue reading

Успешно заврши крводарителната акција за Водици во Охрид

Post Views: 1 Успешно заврши традиционалната крводарителна акција која се спроведува на Водици во Охрид. Собрани се 66 крвни единици од хумани охриѓани и гости во традиционалната крводарителска акција, годинава под мотото „Една капка може да промени се“. Од општинската организација на Црвен крст Охрид се задоволни од одзивот на дарителите, а посебно нагласуваат дека во крводарителската акција, годинава се вклучиле млади лица кои за првпат даруваат крв. Сашо Точков, претседателот на Црвен крст Охрид информираше и дека капачите годинава ги почитувале нивните препораки, па така нивните...

Continue reading

Фатен крадецот кој оперираше на Водици

Post Views: 3 Фатен крадецот што на Водици оперираше во центарот на Охрид. Се работи за 45 годишен охриѓанец со дебело полициско досие. Тој ноќта на големиот празник Богојавление  спроти Денот на рибарите изврши шест тешки кражби во ресторани, кафулиња, маркети и бутици  околу градскиот плоштад и охридската чаршија.Со обивање на врати и кршење на прозори од сите деловни објекти украл пари,  а негде неможејки да ја отклучи ја однел и целата метална каса. „Нашите активности вродија со плод, имено за многу кратко време го пронајдовме сторителот на овие казнени дела и денеска против него...

Continue reading

ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОДИЦИ

Post Views: 3 Охрид на големо се подготвува за една од најголемите и најмасовните црковно народни собири, одбележувањето на православниот христијански празник, Богојавление или Водици. Веќе неколку дена екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот во Охрид. На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето. Исто така во пресрет...

Continue reading

Традиционална крводарителска акција „Водици 2020“

Post Views: 4 Во рамки на активностите од Програмата за одбелжување на Големиот православен празник „Богојавление Водици“ во Охрид, во недела, на 19-ти јануари 2020 година, охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“. Крводарителната акција годинава ќе се реализира под мотото „Една капка може да промени се“, а сите хумани граѓани ќе имаат можност да даруваат крв во периодот од 09:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Continue reading

БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Post Views: 9 Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во насока на збогатување на содржините...

Continue reading

Градот се подготвува за претстојниот верски празник Водици

Post Views: 5 Охрид започна со подготовките за црковната и граѓанската прослава за одбележување на празникот Богојавление-Водици на 19 јануари. На големиот црковно-народен собир во Охрид и годинава се очекуваат голем број посетители. Тие ќе го проследат скокањето по светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. За празнувањето да протече беспрекорно во организацијата на манифестацијата Водици се вклучени покрај МПЦ и Локаланата самоуправа, јавните претпријатија, Црвен крст. Верскиот дел согласно православните начела го спроведува Дебарско – кичевската епархија при МПЦ,...

Continue reading

Водици неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Post Views: 0 Богојавление Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top