Ознака: водици

Православните христијани денеска го слават Богојавление-Водици

Post Views: 16 Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште...

Continue reading

Во Охрид ќе се одбележи Богојавление Водици

Post Views: 0 Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19, ќе биде одржана манифестацијата посветена на големиот верски празник Богојавление-Водици. На координативниот состанок на кој присуствуваа градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, претседателот на Советот на општина Охрид Сашо Донев, претставници од Македонската Православна Црква, од охридските јавни претпријатија, од нуркачките клубови „Амфора“ и „Охрид“, од Капетанија на пристаништа, од Министерството за Внатрешни работи и од Црвен Крст, беше заклучено дека централното случување по традиција ќе биде на 19-ти...

Continue reading

Православните христијани денес го слават Богојавление-Водици

Post Views: 0 Пред да почне со својата проповед Господ Исус Христос, во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел: Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потребно за влегување во царството небесно. Исус Христос, пред да почне јавно да го проповеда своето учење, од Галилеја дојде крај Јордан и му дозволи на Јована да го крсти, поради што Јован се нарекува Крстител. Во спомен на Христовото крштевање црквата воспостави празник: „Крштевање на Господ односно Богојавление -„Водици“. Споменот се однесува на 6-ти Јануари (19-ти според Јулијанскиот...

Continue reading

Црвениот Крст од Охрид и екипите на јавните претпријатија ги вршат последните подготвки за Водици

Post Views: 0 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. На 18.01.2019 г. (петок) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат...

Continue reading

Бесплатен паркинг за Водици во Охрид

Post Views: 19 ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека на ден 19. 01 2019 година (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите негови корисници. Во духот на овој празник ЈП Билјанини Извори ја донесе оваа одлука како почит кон една од најголемите и најмасовни црковно – народни манифестација „Богојавление – Водици“. ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници!

Continue reading

Градов интензивно се подготвува за големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 3 Подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици се при крај. Спасувачките екипи од Црвен крст Охрид и годинава ќе бидат на ниво на задачата, а ќе бидат ангажирани и нуркачите од клубот Амфора, како и екипи од итната медицинска помош. Тие ќе се грижат за безбедноста на капачите, но и на сите посетители кои ќе дојдат да го проследат овој настан. Најчест проблем предизвикува разликата во температурата на водата и воздухот, но оваа година според предвидувањата на метеоролозите параметрите на температурата на водата и воздухот на денот на Богојавление ќе...

Continue reading

лого

Препораки за капачите за Водици

Post Views: 3 Вкупно 8 тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен крст, распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци како и 4 нуркачки тимови ќе се грижат за безбедноста на капачите кои во вторник на 19-ти јануари ќе скокаат по Светиот Крст во водите на Охридското Езеро. Спасувачките екипи ќе бидат засилени и со 8 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со 2 медицински тима на Итната медицинска помош со две амбулантски возила. Со оглед на релативно ниската температура на водата во Охридското Езеро кај пристаништето  која...

Continue reading

Охрид во знакот на Водици

Post Views: 1 Охрид во знакот на најголемата црковно народна манифестација за празникот Богојавлени Водици. И покрај пандемијата, се очекува голем број верници да го следат осветувањето на водите на Охридското езеро. Од општината и Дебарско-кичевската епархија апелираат посетителите и капачите да ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот. Точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.  Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“ активно се вклучи во подготовките за Водици

Post Views: 3 Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол...

Continue reading

Бесплатен паркинг и годинава за Водици во Охрид

Post Views: 6 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 19. 01. 2022 (среда) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот верски празник Богојавление-Водици. На овој симболичен начин, ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето на истиот.

Continue reading

Црвен крст Охрид активно вкучен во активностите за Богојавление Водици

Post Views: 5 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност. На 18.01.2020 (вторник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите...

Continue reading

Екипите на Црвен Крст-Охрид на висина на задачата на Водици

Post Views: 22 Спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст денеска беа на висина на задачата во поглед на безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици. Тие имаа полни раце работа. Успешно биле изведени 4 интервенции на извлекување премрзнати капачи од водите на езерото. Две од извлечените лица биле со сериозна хипотермија при што добиле медицинска помош во шаторите на црвениот крст.   На традиционалната крводарителска акција „Водици 2018“ под мотото „Една капка може да промени се“ која се реализираше во Центарот за култура „Григор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top