Успешно заврши традиционалната крводарителна акција која се спроведува на Водици во Охрид.
Успешно заврши традиционалната крводарителна акција која се спроведува на Водици во Охрид.
Собрани се 66 крвни единици од хумани охриѓани и гости во традиционалната крводарителска акција, годинава под мотото „Една капка може да промени се“. Од општинската организација на Црвен крст Охрид се задоволни од одзивот на дарителите, а посебно нагласуваат дека во крводарителската акција, годинава се вклучиле млади лица кои за првпат даруваат крв.
Сашо Точков, претседателот на Црвен крст Охрид информираше и дека капачите годинава ги почитувале нивните препораки, па така нивните екипи имале незначителен број на интервенции кои не биле со сериозен карактер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град