Здружението “Богојавление” се откажа од организацијата на Водици

Денеска на празникот Пречиста, традиционално се објавуваше името на новиот кум на манифестацијата. Но место тоа здружението преку соопштение ја извести јавноста дека организацијата на Водици 2016та и ја препушта на МПЦ.

 |   | 
vodici

Здружението на граѓани Богојавление се откажа од организацијата на Водици. Денеска на празникот Пречиста, традиционално се објавуваше името на новиот кум на манифестацијата. Но место тоа здружението преку соопштение ја извести јавноста дека организацијата на Водици 2016та и ја препушта на МПЦ. Од Дебарско кичевската епархија за ваквата одлука дознале од парохискиот свештеник на Првата варошка парохија кој пак бил известен од Здружението. Предходно немало средби и контакти помеѓу претставници на епархијата и здржението што би наговестило ваков тек на настаните, велат за ТВМ од канцеларијата на дебарско кичевската епархија. Во соопштението од Богојавление како објаснување зошто се одлучиле на ваков чекор стои дека дека :

vodici vernici“Mанифестацијата и организациски и финансиски ги надминала можностите на здруженито, бидејќи истата од локален, прерасна најпрвин во национален, а потоа и во интернационален настан.”

Меѓутоа ова не е новина бидејќи истиот став пред скоро цела година Димитар Пендов заменик претседател на здружението го изнесе јавно во емисија на ТВМ посветена на празникот Водици но воопшто немаше наговестување дека дефинитивно ќе се откажат. Се поставува прашањето, зошто се чекало цела година и зоѓшро на самиот ден кога требаше да го обзнанат новиот кум што обично се соопштуваше на прес конференција тие излегоа со веќе познат став, и тоа преку соопштение. Дали целта беше да се избегнат новинарски прашања? 

Организацијата на празникот Богојавление Водици  од страна на ова граѓанско здружение години наназад беше проследено со коментари од граѓаните околу низа пропусти.  Се поевидентно беше дека на граѓаните, но и на поголем дел од членството на здружението, се повеќе им пречи големата комерцијализација на настанот поради што се потиснува традицијата и се губи неговата автентичност.

vodici Незадоволството кулминираше со контроверзниот избор на кумовите при што се добиваше впечаток дека пресуден е финансискиот момент отколку  моралниот и духовен интегритет.  А лани врв на негативните коментари беше изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападна здружението велејќи дека сето тоа што го прават со активности по кафеаните е антицрковно, прашувајќи дали е тоа афримација на црквата? Митрополитот две години наназад не се појавува на оваа манифестација. 

Што се однесува на годинешново празнување на Водици од канцеларијата на дебарско кичевската епархија велат дека одлука на здружението Богојавление да се откажат од организацијата нема никакво влијание врз она што значи црковно и духовно чествување на големиот празник. Црковните обреди црквата ги извршуваше и ќе продолжи да ги извршува со или без здружение. Со пропратните настани кои се организирале години наназад, МПЦ ниту имала ниту ќе има допирни точки, децидни од епархијата.

vodici skokaciНа прашањето на твм дали ќе продолжи традицијата на избирање кум за Водици, од канцеларијата на епархијата со кус коментар дека кумството за празници не е непознато во црквата но одлука за тоа може да донесе само владиката Тимотеј. 

ТелевизијА ТВМ од формирањето на здружението Богојавление во 2003 год. Во континуитет ја следи и медиумски ја поддржува манифестацијата. Притоа ставајќи акцент низ годините на позитивните страни за организирана форма и масовност во прославувањето на празникот преку што се промовираше и градот и се привлекуваа странски туристи, но и на пропустите и негативностите, кои за жал со тек на време место да се корегираат стануваа се поизразени.  Па така веднаш по завршувањето на ланската манифестација јавно го поставивме прашањето дали треба веднаш да почне поинтензивно да се размислува околу начинот на организација на манифестацијата.

vodiciТогаш на наше прашање дали како можен организатор на манифестацијата може да се јави Локалната самоуправа со јп која впрочем во изминатите години и онака ги реализираше сите активности околу организацијата на оние настани кои и претходат и ја збогатуваат манифестацијата Богојавление- Водици. Ставот на Локалната самоуправа и Градоначалникот Никола Бакрачески по ова прашање беше дека се подготвени во било кој облик да учествуваме во организацијата. Дали Локалната би била целосен организатор на настанот, спонзор или помагател зависи од тоа како ќе се договорат црквата и здружението, кажаа за ТВМ од локалната по завршувањето на манифестацијата Водици 2015.

Денеска, кога до Водици има месец и пол, можеби единствено логично решение е токму локалната да ги преземе работите во свои раце затоа што на сите нас како граѓани на Охрид подеднакво треба да не засега како и во кое светло ќе помине настанот кој ја одбележува вековната традиција на градот. А од МПЦ велат дека иако од здружението наведуваат дека ја препуштаат организацијата на црквата тие немаат намера да преземат такво нешто. Но додаваат дека би работеле во координација со општината за големиот празник достојно да биде чествуван. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top