Традиционално чистење на водата кај градското пристаниште во пресрет Водици

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

 |  Мишел Наумоски  | 
nurkaci

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.  Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот.

cistenje dno pristaniste„Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи, меѓутоа сепак има. Сега ние ќе гледаме да извадиме што можиме повеќе посебно оние предмети кои се остри на кои може да се повредат луѓето.“-вели Горан Балески-нуркачки центар „Амфора“.

Покрај отстранувањето на отпадот од дното на езерото во делот од градското пристаниште, нуркачите воедно извршија мерења и на температурата и длабочината на водата. Изразија надеж дека во вторник, се ќе помине во најдобар ред. Инаку во текот на денешната акција за чистење на езерското дно кај градското пристаниште, нуркачите пронашле и отстраниле доста метални предмети, шипки отпадоци од стакло, гуми,или вкупен отпад од петнаесетина вреќи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top