Post Views: 12
Околу илјада лица се собраа во центарот на Владивосток на протестен митинг против резултатите од изборите за рускиот Парламент. Демонстрантите повикуваа да се прогласат за неважечки резултатите од изборите за Државната дума, како и од гласањето за локалните органи на власта. Протестот мина мирно, а тој беше обезбедуван од околу 20 полицајци.Во градот Перм во Сибир, полицијата уапси 15 демонстранти, а уште 30 се приведени во градот Хабаровск во рускиот Далечен исток. Тие се уапсени под обвинение за учество во демонстрации, за кои не е издадена дозвола.
Во Москва протестите...
Post Views: 2
Полските власти повторно отвориле истрага за логорот Аушвиц, во кој во текот на Втората светска војска се убиени околу 1,5 милиони лица, а од нив најголем број Евреи.
Истрагата за Аушвиц била затворена во 80-тите години на минатиот век за време на Студената војна, а целта на новата истрага е да се пронајдат преживеани нацистички злосторници.
Логорот бил затворен во 1945 година, односно пред 66 години, а преживеаните злосторници сега се во длабока старост, веројатно постари од 90 години.
Властите на нацистичка Германија го отвориле логорот во 1940 година, неколку месеци...
Post Views: 2
Замрзнатото и крваво тело на Моамер Гадафи јавно е изложено во фрижидер во шопинг-центар во Мисрата, а на Западот се’ погласно е прашањето дали медиумите отидоа предалеку во прикажувањето на смртта на симнатиот либиски лидер, пишува “Асошиејтед прес“.Во Мисрата, град кој силите на Гадафи го држеа под контрола со месеци, жителите во долги редици чекале да го видат неговото тело, издупчено на три места од куршуми, вклучувајќи ја и главата. Мажи, жени и деца се сликале со замрзнатиот леш, а чуварите дури организирале посебни тури за семејства и за поединци.Новинари од цел...
Post Views: 7
Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија.
Претпоставките се дека тој имал уште двајца помошници, бездомници, покрај шестмината приведени соучесници. Полицијата во Будимпешта дознала за злосторствата од романски државјанин, кој успеал да преживее, да се откопа самиот, да го совлада кучето оставено да ги чува лешовите, и да побегне. Неговите напаѓачи...
Post Views: 7
Џулијан Асанж, сопственикот на Интернет страницата Викиликс заедно со својот тим на адвокати пред Вишиот суд во Лондон ја започнаа правната битка против судското решение за негова екстрадиција во Шведска, каде е осомничен за силување и сексуално насилство врз две жени.
Овој 40-годишен Австралијанец, настојува да се укине одлуката на судијата на судот во Белмарс, од февруари оваа година, тој да биде предаден на шведските правосудни власти на натамошно сослушување.
На првото судење, судијата ги отфрли тврдењата на адвокатите на Асанџ дека осомничениот поранешен хакер...
Post Views: 0
Од Иран протече веста дека тамошните власти уапсиле човек за кој се верува дека е личен егзорцист на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
Абас Гафари е опишан како Ахмадинеџадов „ловец на духови“ и е еден од групата луѓе од најтесниот круг на претседателот кои се уапсени последниве денови. Како што јавува Foks News апсењата се последица на внатрешни судири меѓу Ахмадинеџад и Ајатолахот Али Каменеи.За интересот на Ахмадинеџад за окултното одамна се знае. Блиски луѓе тврдат дека Претседателот е опседнат со концептот „12 Имами“. Станува збор за верување раширено во дел од...
Post Views: 0
До училиштата во Вашингтон биле испратени 29 сомнителни писма со бел прав, за што американските власти веднаш започнаа истрага.
Во едно од писмата се споменува Ал Каеда поради што и почнала истрагата, јавуваат американски медиуми.
Според официјални извори на кои се повикуваат дел од американските медиуми, белиот прав бил всушност обично брашно.
По ликвидирањето на Осама бин Ладен во Пакистан на 1 мај, во САД се засилени мерките за безбедност. По нападите од 11 септември 2001 година, пет луѓе починаа откако отворија писма во кои бил вирус на антракс и испратени на различни...
Post Views: 16
Австриските власти ќе ја запечатат вратата од подрумот во кој Јозеф Фрицл 24 години ја држел заробена својата ќерка, откако местото станало популарно збиралиште за локалните тинејџери и наркомани.
Младите од Амстетен почнале редовно да влегуваат внатре преку отклучената врата од гаражата и да прават незаконски журки. Меѓу старите душеци, столчиња и компјутери кои таткото монструм ги оставил зад себе, биле пронајдени искршени шишиња алкохол и искористен прибор за дрогирање. Секоја од осумте соби во подрумот се одвоени со заклучени врати а во последната просторија во...
Post Views: 6
Убиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме од 1986-та година, било нарачано и платено од југословенската тајна служба, која планирала вината да им ја префрли на хрватските сепаратисти, откриле германските власти.
Пренесувајќи детали од случајот, германскиот магазин Фокус пишува дека атентатот бил дел од едно поголемо сценарио на Јосип Броз Тито, кој бил убеден дека хрватските екстремисти ќе ја загубат поддршката од Западот, доколку се покаже дека тие го убиле шведскиот премиер. Тито почина во 1980-та, но полицијата продолжила со реализирање на заверата.
Новите...
Post Views: 0
Со цел да ја спречат “епидемијата” на неверства во земјата, последица на економскиот бум, кинеските власти до 2015-та планираат на интернет да ја објават брачната состојба на сите мажи во државата.
За да видат со кого си имаат работа, кинеските власти на сопругите и љубовниците ќе им овозможат пристап до брачната состојба на секој Кинез, со намера да ја сопрат културата на втора жена или љубовница.
Бигамијата е нелегална во Кина, а меѓу оние кои во последните неколку години биле фатени со втора сопруга има и високи функционери во комунистичката партија на...
Post Views: 1
Градските власти во Рим одлучија од 1 јануари да воведат такса за престој од едно до три евра за секој ден престој во италијанскиот главен град.
Висината на таксата ќе зависи од категорија на хотел, апартман или камп и ќе им се наплатува не само на странски туку и на туристи од други италијански региони со тоа што ќе бидат изземени деца до десет години.
Во Рим годишно престојуваат околу 12 милиони туристи. Властите се убедени дека новата такса нема да ја намали заинтересираноста за „вечниот град“. Проценките се дека во градската каса ќе влезат годишно околу 80 милиони...
Post Views: 12
Роберт Редфорд,Роберт де Ниро и Стинг се дел од славните личности кои ги повикаа иранските власти да ја ослободат жената која е осудена на каменување до смрт поради прељуба.
Во отворено писмо повеќе од 80 актери,уметници,музичари и политичари велат: „Сакине Мохамади Аштиани доволно се мачеше“.
Меѓу потписниците се актерор Колин Ферт,сликарот Демиен Херст,лидерот на бриртанската опозиција Ед Милибанд,поранешниот француски министер за надворешни Бернар Кушнер.Во нивното писмо се истакнува дека жената поминала веќе 5 години во затвор и добила 99 удари со бич.
Славните...