• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Телото на Гадафи изложено во фрижидер во шопинг-центар

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Телото на Гадафи изложено во фрижидер во шопинг-центар

Замрзнатото и крваво тело на Моамер Гадафи јавно е изложено во фрижидер во шопинг-центар во Мисрата, а на Западот се’ погласно е прашањето дали медиумите отидоа предалеку во прикажувањето на смртта на симнатиот либиски лидер, пишува “Асошиејтед прес“.

 |   | 
gadafi izlozen
gadafi izlozen vo supermarket

Замрзнатото и крваво тело на Моамер Гадафи јавно е изложено во фрижидер во шопинг-центар во Мисрата, а на Западот се’ погласно е прашањето дали медиумите отидоа предалеку во прикажувањето на смртта на симнатиот либиски лидер, пишува “Асошиејтед прес“.
gadafi izlozen
Во Мисрата, град кој силите на Гадафи го држеа под контрола со месеци, жителите во долги редици чекале да го видат неговото тело, издупчено на три места од куршуми, вклучувајќи ја и главата.
Мажи, жени и деца се сликале со замрзнатиот леш, а чуварите дури организирале посебни тури за семејства и за поединци.
Новинари од цел свет заминаа во Либија за да снимат доказ дека Гадафи навистина е мртов, додека либиските власти не можат да се договорат што ќе прават со телото додека расте сомнежот во официјалната верзија за смртта на Гадафи.
gadafi
Како што пренесува “Франс прес“, новите власти соопштиле дека нема да биде извршена обдукција на телото.
“Нема да има обдукција, ниту денеска, ниту било кога. Никој нема да го отвора телото на Гадафи“, рекол портпаролот на Воениот совет на Националниот преоден совет во Мисрата, Фати Башаг.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top