Русите на масовни протести

Во најмалку 15 големи градови во Русија денеска почнаа протести против нерегуларностите на парламентарните избори, кои се одржаа на 4 декември.

 |   | 
protesti Rusija
protesti Rusija

Околу илјада лица се собраа во центарот на Владивосток на протестен митинг против резултатите од изборите за рускиот Парламент. Демонстрантите повикуваа да се прогласат за неважечки резултатите од изборите за Државната дума, како и од гласањето за локалните органи на власта. Протестот мина мирно, а тој беше обезбедуван од околу 20 полицајци.
protesti Rusija
Во градот Перм во Сибир, полицијата уапси 15 демонстранти, а уште 30 се приведени во градот Хабаровск во рускиот Далечен исток. Тие се уапсени под обвинение за учество во демонстрации, за кои не е издадена дозвола.

protesti RusijaВо Москва протестите беа одобрени од локалните власти, но Министерството за образование објави дека оваа сабота сите ученици од 9. до 11. одделение треба да посетуваат настава. За зборно место е определен плоштадот „Балатнаја“ на околу половина час пеш од Плоштадот на револуцијата во центарот на Москва. Според одобрението од локалните власти во демонстранциите не смее да учествуваат повеќе од 30 илјади лица.

Според московската полиција на плоштадот „Балатнаја“, каде веќе почна протестот насловен „За чесни избори“ веќе се собрани околу 20 илјади лица, а на Плоштадот на револуцијата има околу 200 демонстранти.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top