Ознака: влада

Крим : Ситуацијата може да експлодира

Post Views: 13 Повикувајќи се на очевидци, агенцијата Interfax јавила дека во зградите на парламентот и владата се наоѓаат околу 60 лица и дека многумина од нив се вооружени.Засега не е јасно кој ги завземал зградите на регионалниот парламент и влада во Симферопол, главниот град на Крим, каде претходниот ден имаше судири помеѓу проруските сепаратисти и следбеници на новите власти на Украина. Новинарите од местото на случување известуваат дека над двете згради се вее руско знаме, и дека влезните врати се блокирани. Агенцијата Interfax јавува дека при акцијата на завземање на зградите...

Continue reading

platforma

Почна британско-шкотската „војна“ околу нафтата

Post Views: 2 Шкотскиот премиер Алекс Салмонд ја нарече британската влада „крадец на црното злато” на Шкотска, пишува весникот Индипендент. Салмонд, поранешен економист  во областа на енергетиката, во говорот пред Домот на општините излезе со низа обвинувања упатени на адресата на британската влада. „Лесно беше Вестминстер да ги пополнува дупките во британскиот буџет во последните 40 години, земајќи ги нафтата и гасот на Шкотска. Тие ни велат дека нафтата во Северното Море би била подобро стопанисувана  од голема земја како Велика Британија , наместо мала земја како Шкотска....

Continue reading

logo

Французите со декрет против ГМО

Post Views: 8 Франција објави декрет за забрана на генетски модифицирана (ГМО) пченка, како мерка која ќе спречи сеидба на таков вид пченка оваа пролет. Во меѓувреме, француската Влада работи на промена на домашните и европските закони за да обезбеди долгорочна забрана. Француската социјалистичка Влада, како и мнозинството жители на земјата, го застапуваат мислењето дека ГМО посевите претставуваат ризик за природната средина. Владата настојува да формулира нов закон со кој одгледувањето ГМО пченка во земјата би било трајно забрането, откако судот одобри претходни два акти со таква...

Continue reading

Влада: Oпштините Дебрца, Охрид и Струга да ги интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО

Post Views: 4 Владата на Република Северна Македонија последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019), и релевантните заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, во насока на подобрување на квалитетот...

Continue reading

protesti

Државо, ова се нашите барања

Post Views: 2 Во вечерните часови на социјалните мрежи демонстрантите ги објавија своите барања, по претходно дадената оставка на премиерот на локалната влада во Тузла, Сеад Чаушевиќ. Лутина, насобран бес и однесувањето на власта се причината за насилното однесување, се наведува во прогласот на работниците и граѓаните на Тузла по повод насилните протести. „Сега во новонастанатите околности, лутината и бесот сакаме да ги усмериме на изградба на продуктивен и корисен систем на владеење„ се нагласува во соопштението кое го пренесуваат босанските медиуми. Денес во Тузла се креира нова...

Continue reading

protesti

Француските конзервативци денес „на барикадите“

Post Views: 4 Француските конзервативци протестираа против либералната Влада. На вчерашниот марш низ Париз и Лион илјадини лица го искажаа своето незадоволство од нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови. Насобраните го обвинуваат кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд за „фобија од семејства“.Полицијата во главниот град на Франција процени дека околу 80.000 лица учествувале на протестите. Организаторите, пак, тврдат дека бројот на присутни е значително поголем, посочуваат дека имало над 100.000 протестанти. „Семејството е основната вредност...

Continue reading

Падна косовската влада, избори за еден месец

Post Views: 1 Косовското Собрание изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа,на барање на опозицијата. За соборување на Владата гласаа 78 пратеници, против 34, а воздржани беа тројца. За паѓање на Владата беа потребни мнозинство од гласовите односно 61 пратеник. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи. За време на повеќе часовната расправа во Парламентот, двете владеачки партии меѓусебно се обвинуваа за неред, недостаток на координација и одлучување и коруптивни афери од претходно. Официјална Приштина...

Continue reading

hemisko oruzje

Кај комшиите ќе се уништува хемиско оружје?

Post Views: 11 Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати призна дека САД побарале од владата во Тирана на своја територија да го уништува хемиското оружје од Сирија. Според весникот „Монд“, Бушати на средбата со својот француски колега Лоран Фабуис изјавил дека „албанската влада се‘ уште не донела никаква одлука за ова прашање“. Францускиот весник пишува дека Албанија се смета за прифатлива земја за уништување на хемиско оружје, поради нејзината географска положба што овозможува лесен транспорт на хемиското оружје до нејзината територија. Албанија има уникатно искуство...

Continue reading

logo

Паѓа цената на нафтата

Post Views: 7 Цените на нафтата денеска продолжиле да паѓаат и покрај загриженоста од продолжението на блокадата на владата во САД. Еден барел „лесна“ нафта за испорака во ноември на трговската берза во Њујорк се продавала за 103,69 долари, односнио 41 цент помалку, додека нафтата од типот „брент“ во Лондон поевтинила за 27 центи на 108,92 долари за барел. „Пазарите постојано го следат развојот на настаните во САД, бидејќи финансиската блокада на американската влада влегува во својот трет ден. доколку потрае оваа криза би можеле да се загрозат цените на нафтата“, сметаат аналитичарите....

Continue reading

najnov sostav vlada

Состанок во Владата за создавање услови за побрз проток на стоки на граничните премини

Post Views: 8 Создавање услови за побрз проток на стоките преку граничните премини, како една од мерките за подобрување на бизнис климата, е целта на средбата, најавена за денеска попладне во Владата меѓу вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески со  ресорни министри и претставници на надлежни институции. На средбата ќе се разгледуваат состојбите и ќе се предлагаат мерки за скратување на времето и трошоците при минување на стоките преку граничните премини, соопшти владината служба за информирање. Покрај ресорните министри и други претставници на Владата, на работниот состанок...

Continue reading

senatori

Од полноќ, САД под буџетска блокада

Post Views: 0 По целодневно гласање и прегласување во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот не успеаа да постигнат договор за буџетската резолуција со која финансирањето на централната Влада на САД ќе продолжеше уште неколку месеци. Со тоа, од полноќ, САД влегоа во буџетска блокада, во која голем број административни служби ќе останат без пари. – Сакам да бидам јасен околу тоа што ќе се смени. Владини канцеларии ќе се затворат. Платите ќе доцнат. Витални услуги од кои зависат нашите пензионери, ветерани, жени и деца, компаниите и за економијата,...

Continue reading

oblakoder

Ирански облакодер во срцето на Њујорк

Post Views: 3 САД ќе го запленат облакодерот од 36 ката во Њујорк, кој според наводите на кабинетот на обвинителот, е во тајна сопственост на Иран, објави во вторникот американското министерство за правда. Заплената и продажбата на зградата, сместена на Петтата авенија, во срцето на Менхетн, би била „најзначителна заплена поврзана со тероризмот“, стои во соопштението на министерството. Сојузниот судија позитивно одговори на тужбата на американската влада според која сопствениците на облакодерот ги прекршиле санкциите против Иран и законските прописи за перење на пари. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top