Ознака: влада

vlada na R.Makedonija

Македонија има резерви на нафтени деривати и жито

Post Views: 16 Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопштуваат од Владата. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. Дополнително,...

Continue reading

Влада: Државните карантини се безбедни и строго контролирани

Post Views: 5 Владата на Република Северна Македонија апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се најдоа во странски земји се по највисоки здравствени стандарди. Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла. Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не...

Continue reading

Албанскиот парламент ја одобри новата влада на Рама

Post Views: 8 Албанскиот парламент ја одобри новата влада во која доминираат жени по пет месеци од одржувањето на парламентарните избори и убедливата победа на Социјалистичката партија која му овозможи на премиерот Еди Рама трет мандат. Дванаесет од 17 министри и државни секретари се жени, со што земјата се искачи на врвот на глобалната ранг листа според процентот на жени кои се на функции во кабинетот. По 20-часовна дебата, 77 пратеници во парламентот од 140 гласаа за одобрување на новиот кабинет и програма на Рама, чија цел е економскиот раст фокусиран на туризмот и земјоделството,...

Continue reading

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Post Views: 10 Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието ја изгласаа новата македонска Влада која ќе ја предводи новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Два дена траеше дебатата меѓу пратениците. Опозицијата не го поддржа новиот владин состав, наведувајќи дека тој нема легитимитет и сметаат дека ќе ги продолжи политиките на претходната Влада на Зоран Заев. Тие бараат да бидат организирани брзи предвремени парламентарни избори. Пратениците кои ја поддржаа Владата, велеа дека таа црпи легитимитет од парламентарните избори во 2020 година. Гласањето за...

Continue reading

12 министри од индиската влада си поднесоа оставка

Post Views: 3 Министерот за здравство Харш Вардан беше посебно критикуван за начинот на кој се справуваше со пандемијата, во период кога се нижеа рекордни бројки на новозаразени во април и мај како и поради слабите ограничувачки мерки кои ги презел. Здравствениот систем беше под силен притисок во услови без кревети, медицински кислород и лекови. Индија во март броеше 160 илјади жртви од коронавирусот, но тој број се зголеми и досега изнесува 400 илјади. Многу експерти се сомневаат дека и таа бројка е конечна, односно дека вистинскиот број на починати од последици од ковид-19 е значително...

Continue reading

Претседателот Пендаровски му го врачи мандадот за состав на нова Влада на Димитар Ковачевски

Post Views: 11 Денеска во вилата Водно претседателот на државата Стево Пендаровски му го предаде мандатот за состав на нова Влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Владејачкото мнозинство, составено од СДСМ, албанската Демократска унија за интеграција ДУИ и неколку помали партии, има 64 пратеници. Формирањето на новата Влада на Ковачевски е најавено за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари. Врз основа на член 84 став 1 алинеја прва од уставот на Република Северна Македонија и известувањето на предлогот за мандатар доставено од СДСМ, за мандатар, а поддржано...

Continue reading

Изгласана недоверба на шведската влада

Post Views: 6 Пад на шведската влада – 181 од 349 пратеници во шведскиот парламент во Стокхолм денеска гласаа недоверба за премиерот Стефан Левен. Тој мора во рок од една недела да поднесе оставка или пак да се одлучи за нови парламентарни избори. Партијата на левицата минатата недела најави изјаснување за доверба на владата во знак на протест против владиниот план за либерализација на пазарот на изнајмување станови, а предлогот денеска го ставија на гласање десничарите. Досега Партијата на левицата редовно ја поддржуваше малцинската влада на Социјалдемократите и Зелените. Покрај...

Continue reading

Нема докази дека британската влада користела „мидазолам“ во старските домови за да ги лажира смртните случаи од ковид-19

Post Views: 12 Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови како би се лажирале смртните случаи предизвикани од ковид-19. Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен, му недостигаат информации и шири паника во јавноста. Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за сајтот за проверка на факти „Фулфакт“ изјавиле дека поради тоа што ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка, Владата правела залихи, но не само за „мидазолам“...

Continue reading

Индиската влада не спори дека постои варијантата Б.1.617 на коронавирусот

Post Views: 3 Објава на Фејсбук шири невистини дека индиската варијанта на коронавирусот не постои. Индиската влада воопшто не спори дека варијантата на ковид Б.1.617 не постои, туку реагира на тоа дека оваа варијанта на коронавирусот се иманува како ,,индиска”. Со грубото манипулирање во постот се изнесуваат неточни квалификации за научно потврдена варијанта на ковид -19 и притоа се доведува во ризик јавноста да не верува во нешто што постои, што е многу опасно и досега предизвика вистинска катастрофа во Индија. Рецензираме пост на Фејсбук, во чиј склоп е прикачен видеоматеријал...

Continue reading

Прибе и новата влада

Post Views: 9 Во идната недела најверојатно ќе се знае колкава ќе биде експертската група што ќе дојде во Македонија под раководството на пензионираниот директор на Европската комисија Рајнхард Прибе, кој се ќе биде во неа и кога точно ќе пристигнат. Во информацијата објавена од еврокомесарот Јоханес Хан се наведува дека тимот искусни независни експерти ќе дојдат скоро, ќе прават анализа на сегашната ситуација и ќе дадат препораки за тоа како понатаму да се решаваат работите во однос на владеењето на правото. На доаѓањето на експертската група предводена од Прибе, Миша Поповиќ од...

Continue reading

Прва седница на новата влада

Post Views: 9 Премиерот Зоран Заев и новите министри денес седнуваат на првата владина седница, која е закажана за попладне. Се уште официјално не се прецизирани темите на кои утре ќе дебатира новата влада, иако не се исклучува можноста да се отворат и прашања за разрешувања на актуелните директори на државните фирми и институции, и назначувањето на нови. Пред неколку денови, на примопредавањето на премиерската функција, беа отворени вратите на барокната зграда на владата, каде што можеше да се забележи раскош и луксуз на сите страни.

Continue reading

Парламентот изгласа доверба на новата Влада

Post Views: 8 За новата влада гласаа 62 пратеника, 44 беа против, а пет беа воздржани. Пратениците во парламентот гласаа за доверба на новата влада која е составена од 26 министри и со тоа ѝ ставија крај на политичката криза во земјата која траеше речиси три години. За предложеното решение од мандатарот, а сега новиот премиер Зоран Заев, гласаа 62 пратеника, 44 беа против, а пет беа воздржани. Претседателот на СДСМ и премер Зоран Заев вети дека ќе работи чесно и посветено. Непосредно пред изборот на новата влада тој даде отчет за програмата, а на почетокот се осврна на прашањето за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top