Французите со декрет против ГМО

Франција објави декрет за забрана на генетски модифицирана (ГМО) пченка, како мерка која ќе спречи сеидба на таков вид пченка оваа пролет.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Франција објави декрет за забрана на генетски модифицирана (ГМО) пченка, како мерка која ќе спречи сеидба на таков вид пченка оваа пролет.

протестВо меѓувреме, француската Влада работи на промена на домашните и европските закони за да обезбеди долгорочна забрана. Француската социјалистичка Влада, како и мнозинството жители на земјата, го застапуваат мислењето дека ГМО посевите претставуваат ризик за природната средина. Владата настојува да формулира нов закон со кој одгледувањето ГМО пченка во земјата би било трајно забрането, откако судот одобри претходни два акти со таква содржина.

Во моментот во ЕУ е дозволено одгледување на само еден вид ГМО пченка. Тоа е пченката MON810 на американската компанија „Монсанто“, модифициран на тој начин да биде отпорен на инсекти.

Европската комисија своевремено одобри одгледување на еден вид ГМО компир, но потоа тоа беше блокирано со судска одлука.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top