Кај комшиите ќе се уништува хемиско оружје?

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати призна дека САД побарале од владата во Тирана на своја територија да го уништува хемиското оружје од Сирија.

 |  Голабовски Крсте  | 
hemisko oruzje

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати призна дека САД побарале од владата во Тирана на своја територија да го уништува хемиското оружје од Сирија.

Според весникот „Монд“, Бушати на средбата со својот француски колега Лоран Фабуис изјавил дека „албанската влада се‘ уште не донела никаква одлука за ова прашање“.

Францускиот весник пишува дека Албанија се смета за прифатлива земја за уништување на хемиско оружје, поради нејзината географска положба што овозможува лесен транспорт на хемиското оружје до нејзината територија.

Албанија има уникатно искуство во однос на уништувањето на хемиското оружје. Во 2007. година таа стана првата земја во светот што целосно го уништи својот хемиски арсенал, наследен од времето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.

hemisko oruzje„Монд“ го цитира и шефот на албанскиот Институт за меѓународни истражувања Алберт Ракипи, според кого, „посткомунистичка Албанија не била многу доследна во однос на екологијата“. Ракипи смета дека ќе биде грешка доколку Албанија сега го прифати сириското хемиско оружје, непосредно по одлуката на новата албанска влада да го забрани увозот на отпад. Според него, тоа ќе создаде забуна меѓу граѓаните на земјата.

„Уништувањето на хемиското оружје во Албанија не е начинот Албанија финансиски да се опорави“, додава Ракипи.

Поранешниот албански министер за одбрана Фатмир Медиу, исто така, се изјасни против операцијата за уништување на сириското хемиско оружје на албанска територија, забележувајќи дека во Албанија биле уништени само 16 тона хемиски материјали и дека тоа се случило со помош на странски експерти, додека количествата на хемиско оружје од Сирија се огромни и албанските власти нема да можат сами да се справат со оваа задача.Во меѓувреме организации за заштита на животната средина од Албанија предупредија дека ќе побараат организирање референдум за ова прашање, доколку владата во Тирана го прифати предлогот на Американците за уништување на сириското хемиско оружје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top