Ознака: век

mosti

Литија со моштите на Св. Георги во Струга

Post Views: 0  По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден. За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата...

Continue reading

grobishta

Се намалува животниот век на македонците

Post Views: 1 Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот. Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок. Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат...

Continue reading

ikoni

Каде завршуваат македонските икони?

Post Views: 10 Украдените икони од македонските цркви се продаваат на тајни аукции во Западна Европа и завршуваат во приватни колекции, вклучувајќи ги и оние на руските тајкуни, пренесува „Вечер“. Ова за српските медиуми го изјавил кустосот од Галеријата на фрески од Охрид, Милчо Георгиевски, кој посочува дека собирно место за украдените артефакти и од средновековните цркви, но и од и археолошките локалитети е Албанија. “Македонските власти веруваат дека кражбите на православните верски артефакти во нивната земја се организираат од Албанија, со помош на развиена мрежа соработници....

Continue reading

Sv.Nikola

Денес се слави Свети Никола

Post Views: 6 Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина… Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе...

Continue reading

karta

Кинезите пред Колумбо знаеле за Америка

Post Views: 1 Контроверзниот историчар Гевин Мензис тврди дека оваа карта од 1418 година докажува дека Новиот Свет бил откриен од адмиралот Тој Женг од Кина, некои 70 години пред Колумбо. Мензис, кој е омилен помеѓу екстремните историчари неодамна ја објави книгата „Who discovered America“, во која тој открива неколку тврдења – вклучувајќи го и тврдењето дека кинеските морнари биле првите кои го преминале Тихиот Океан пред околу 40.000 години. Ова е најновата серија на книги во кои тој ја наметнува прилично чудната теорија дека кинеските морнари ги открија континентите на Новиот...

Continue reading

naucen simpozium

Отворен научен симпозиум во Струга

Post Views: 7 Поводи кои секогаш даваат можност да се вратиме на својата историја. Во рамките на одбележувањето на големите јубилеи и годишнини поврзани со делото на браќата Миладиновци, 200 години од раѓањето на Димитар, 150 години од излегувањето на зборникот е и научниот симпозиум кој денес свечено беше отворен во спомен домот на браќата Миладиновци. Директорот на НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, доц. Др Сашо Цветкоски вели дека уште при основање на спомен домот на Браќата Миладинвци, некаде во 70 сетите години од минатиот век, замислата била овој простор да биде музејска институција,...

Continue reading

bikini

Како изгледале плажите пред појавата на бикини

Post Views: 2 Патувањата на плажа во САД во минатото биле стандардна семејна активност од почетокот на 20 век и со тек на време еволуирале во модерна, крајбрежна активност. Одморите на плажа почнале да стануваат популарни по појавата на железничкиот превоз, како достапно средство за транспорт. Дали некогаш сте се запрашале како изгледале костимите за капење во тој конзервативен свет? Во тоа време постоеле костими за капење, но многу поинакви од она што денес ние подразбираме под костими за капење. Во тој перииод жените носеле целосни широки, сифонски доколенки. Иако во тој период...

Continue reading

Antikitera

Механизмот „Антикитера“

Post Views: 12 На почетокот на 20 век, нуркачи во потрага по сунѓери во областа Антикитера, помеѓу Крит и Грција наишле на едно од најинтересните откритија кое светот ги има видено –Механизмот Антикитера. Направата била пренесувана на Романски брод, кој доживеал бродолом во периодот помеѓу 80 и 60 година п.н.е. Се верува дека бродот пловел кон полуостровот Мала Азија, денешна Турција и носел некои од најпрефинетите уметнички дела од тоа време. Нуркачите нашле повеќе од 200 амфори и керамички тегли, кои недопрени лежеле на морското дно. 50 години откако уредот бил пронајден, еден австралијански...

Continue reading

lipkovska mumija

Липковската мумија оди во музеј

Post Views: 3 Мумијата од Липково треба да биде една од атракциите во новиот Археолошки музеј на Македонија, но неизвесно е дали ќе биде конзервирана до отворањето на институцијата, закажано за крајот на годинава. Во тек се преговорите со лабораторијата на Археолошкиот музеј во Минхен, чии експерти би можеле да го заштитат телото од 5 и 4 век пред новата ера, природно мумифицирано во глинената земја во липковскиот крај. Мумијата е откриена во 1957 година, а неколку децении е во стаклен ковчег во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Транспортот на мумијата во...

Continue reading

Трометамин не е лек за срцев удар, туку состојка што го продолжува животниот век на вакцината на „Фајзер“

Post Views: 11 Не е вистина дека состојката трометамин во вакцините на „Фајзер“ е штетна или дека е „лек за срцев удар“. Со додавањето на оваа состојка се продолжува животниот век на вакцината на „Фајзер“ откако таа ќе се одмрзне, правејќи ја достапна за складирање 10 недели пред да биде аплицирана, наместо досегашните 2 недели. Исто така, не е точно дека само вакцината за деца на „Фајзер“, има трометамин во својот состав, туку сите фајзерови вакцини против ковид, за сите возрасни групи, ја имаат оваа состојка. Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој се тврди дека во вакцината...

Continue reading

Најголемо летало на светот

Post Views: 3 Подолг од фудбалско игралиште и до врв наполнет со хелиум, Airlander10 ќе биде најголемо летало на светот. Тој е спој на балон, авион и хеликоптер, а го дизајнираше британската дизајнерска компанија Hybrid Air Vehicles (HAV) која работи за американската војска. Концептот на ова летало е стар еден век, а zeppelin својата популарност ја изгуби по трагедијата Hundenburg во 1937 година, кога германското летало при слетувањето се запали и усмрти 36 лица. Ова летало повторно е редизајнирано во 21 век и HAV се надева дека на небото над Велика Британија ќе се врати во 2016 година. “Проблемите...

Continue reading

treskavec

До темел изгореа конаците на манастирскиот комплекс „Трескавец“

Post Views: 0 Утринава, претставници на надлежните институции го посетија манастирскиот комплекс „Трескавец“ кој вчера попладне го зафати огнена стихија во која до темел изгореа конаците. Во текот на денот ќе се врши увид во манастирот „Трескавец“ со цел да се утврди која е причината за појавата на пожарот во кој целосно изгореа конаците. Само со пожртвуваната интервенција на прилепчани, на надлежните служби беше спасена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 13 век, како и сите вредни предмети. Ова е трет пожар од 19 век па наваму во манастирот. Претходно конаците гореле во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top