Ознака: век

relaksiranje

Како да живеете подолго?

Post Views: 6 Сакате да живеете подолго? Ова се пет проверени начини со кои навистина може да си го продолжите својот животен век. Секако, тука се подразбира да не пушите цигари, да не седите по цел ден пред телевизор и да не јадете брза храна. 1. Надморска висинаЛуѓето кои живеат на поголема надморска висина имаат за 22 % помал ризик да умрат од болести на крвните садови. 2. Долги пријателстваОние луѓе кои имаат цврсти, искрени и долги пријателства во просек живеат подолго за 3,7 години. Друштвениот живот го подобрува имунитетот и го намалува стресот, велат научниците. 3. Миење...

Continue reading

ptt

Поранешното „ПТТ“ одморалиште во Охрид, сега само руина

Post Views: 0 Некогаш, едно од најубавите работнички одморалишта на една од најатрактивните локации во Охрид, денес само руина. Искршени прозорци, покрив кој прокиснува, смет во неговиот двор, е сликата која туристите и охриѓани секојдневно ја гледаат додека минуваат кај овој некогаш репрезентативен објект. До деведесетите години од минатиот век, објектот беше во сопственост на државното претпријатие Пошта Телеграф Телефон, за да после приватизацијата и преименувањето на фирмата во Македонски Телеком, купен е од приватно лице, кое евидентно го оставила објектот на милост и немилост...

Continue reading

cvekje

Црвени рози, подароци, ора-Дали битката за правата на жената е добиена?

Post Views: 0 Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот на жената. Се чини сите во последен момент брзаат да го купат подарокот за сопругата, мајката, сестрата, пријателката, колешката. Најголем метеж секако има пред неизбежните тезги кај малиот плоштад, на кои се продаваат црвените рози, симболот на љубовта и нежноста. Празникот се чини ќе кулминира во вечерните часови, кога најголемиот број припаднички на понежниот пол, 8ми Март ќе го прослават во некој ресторан, со музика, песни, ора. Некои со колешките од работа, некои самоиницијативно со пријателки, важно да се одбележи. Но и покрај...

Continue reading

Бизарни прописи кои звучат неверојатно во 21 век

Post Views: 4 Бакнежот на јавно место во многу земји може скапо да ве чини. Колку и да звучи неверојатно за 21 век, сепак тешко е разбирливо дека во Западна Европа сеуште владеат пуритански прописи од пред Првата светска војна. Така, во Франција, на пример, и понатаму важи закон од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта била, своевремено, да се оневозможи доцнење на возовите, но законот не е укинат ни во време на супер брзите возови. За кршење на овој закон не е предвидена драконска казна, но важат наредбите во ист момент да се напушти...

Continue reading

matova

Три генерации на охридски уметници во 20 век

Post Views: 7 Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во  уметничкото творештво. Сликарството во Охрид  во 20 век и на почетокот од 21 претставува  спој  на уметници, скулптори,  иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години  истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години. „Од самото истражување произлезе дека во Охрид...

Continue reading

Плаошник

Паѓа ли тезата за потеклото на Десаретите

Post Views: 14 На археолошкиот локалитет на Плаошник се откриени три бронзени монети кои датираат од античкиот период.   За ова значајно откритие археологот советник Даница Бачевска прв пат јавно проговори гостувајќи во емисијата Печат. Таа како дел од тимот на археолози учествувала во истражување на локалитетот Плаошник во периодот 2007 -2011 година.  Со ново пронајдените монети сега се  руши  тезата за потеклото на Десаретите, тврди археологот  Бачевска. „ Најновото и мошне значајно  откритие за кое прв пат го откривам е дека во тек на најновите ископувања на Плаошник се откриени...

Continue reading

ceshma Dolno Lakocerej

Неплатен долг кон ЕВН ги остави без вода жителите на Долно Лакочереј

Post Views: 27 Долно Лакочереј, повторно мака-мачи со немањето вода. Овој пат, причината малку поинаква. Пумпите кои ја дистрибуираат водата до домаќинствата од ова охридско село, нешто повеќе од 4 дена, не функционираат. Проблемот се состои во тоа што  Месната заедница не го подмирила долгот кон ЕВН, па ЕВН-Македонија, ја исклучиле струјата во водоснабдителниот објект, поради што пумпите останале надвор од функција. Единствен извор на оваа драгоцена течност им е селската чешма која се наоѓа во близина на црквата. Стапивме во контакт и со претставници од месната заедница на Долно...

Continue reading

гпрличев

Ќе се одбележат 20 години од востанување на наградата „Григор Прличев“

Post Views: 2 Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник  Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на  носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении  започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет...

Continue reading

debrca

Славна Дебрца не функционира

Post Views: 0 Селата од Дебрца отсечени од цивилизација.Мештаните  гневни на ЕВН. Покрај тешко продните патишта од снежните наноси кои деновиве го зафатија овој крај, капак на се е немањето струја но и мобилна телефонија. Дење излегуваме да ја видиме светлината на сонцето, бидејќи долгите ноќи ни се мрачни без струја, се жалат мештанит на оваа месност. „Овој живот е кучешки во седмиот век луѓето поубо живееле отколку сега. Да немаш струја то е катастрофа, до вчера бевме отсечени поради снегот. Никој ЕВН доаѓа само кога треба да исклучат, а сега ги нема неможат да го најдат дефектот....

Continue reading

kamensko

Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство

Post Views: 4   Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела.  Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески. Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо Зограф,...

Continue reading

Pitacka opera

„Питачката опера“ на Охридско лето

Post Views: 3 Станува збор за дело кое е напишано кон крајот на минатиот век и многумина повеќе ја познаваат „Питачката опера“ како култно дело на Бертолд Брехт. Директорот на Албанскиот театар од Скопје, Адем Карага вели дека тематиката на оваа тетарска претстава донесе работи кои публиката секојдневно ги доживува, а кои ги со себе ги носи транизицијата која сеуште трае. Тој заедно со босанскиот режисер Дино Мустафиќ, цела година работеле на претставата, која не било воопшто лесно да се донесе пред публиката. „За нас е исклучителна чест да донесеме еден ваков нов вид претстава, нов...

Continue reading

carsija

Охрид- интересен шехер

Post Views: 2 Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век. Со своето перо Челебија запишал значајни податоци од животот на Охрид и овдешните простори. Забележал дека Охрид имал 12.000 жители и 7000 вооружени војници во 1670 година. Луѓето кои работеле на тврдината биле ослободени од плаќање данок. Ова се некои од податоците за градот од 17 век, запишани од перото на Евлија Челебија, славниот отомански патеписец. Челебија пишувал интересни работи поврзани со градот, жителите, сарајот, џамиите и црквите. Меѓу другите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top