Ознака: вакцинација

zauski

Вакцинација против заразните заушки

Post Views: 1 Вонредно вакцинирање против заразни заушки почнува од денеска за лицата од 15 до 19 години, кои не биле целосно опфатени со процесот на имунизација. Тинејџерите, кои ги примиле двете предвидени дози, нема потреба да се ревакцинираат. Вонредното вакцинирање е во услови на епидемија од заразни заушки во државата. Изминатиот викенд се регистрирани 194 нови случаи, со што од почетокот на годинава бројот на заболени од заушки се искачи на над 1,500 лица.       {loadposition content9}

Continue reading

Пријавувањето за вакцинација против сезонскиот грип оваа година на vakcinacija.mk

Post Views: 0 Пријавувањето за вакцинација против сеознскиот грип оваа година ќе биде индивидуално преку порталот vakcinacija.mk а не со закажување термин преку матичните лекари. При пријавувањето треба да внесете ваши точни податоци и телефонски број, бидејки за терминот ке бидете известени преку смс порака на вашиот мобилен телефон, информираа утровo некои од матичните лекари. Пријавувањето веќе може да се спроведува на оваа веб страна на Министерството за здравство.

Continue reading

Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”

Post Views: 1 Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина,  резултат од ПЦР тест и ништо повеќе. Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто се тврди дека преку генерираниот  кју-ар (QR) код за вакцинација (кој му се дава на секој вакциниран како доказ за вакцинација на вакциналниот сертификат), всушност се создава таканаречен „социјален кредитен...

Continue reading

Започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип

Post Views: 0 Од денес во охридскиот Центар за јавно здравје започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип. Право на ваква вакцина имаат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници и деца на возраст од 6 месеци до 5 години, а за тоа мора да обезбедат упат од матичен лекар на кој ќе биде назначен терминот за вакцинирање. За таа цел за Охрид се обезбедени 1.350 дози. Покрај ова, од вторникот започна и комерцијалната имунизација против грип. За Охрид беа набавени 2.000 дози висококвалитетни четиривалентни вакцини кои чинат 650 денари. Од...

Continue reading

Ковид 19

Рекордно заразени со ковид во Албанија, Рама апелира на вакцинација

Post Views: 2 По рекордниот број заразени со ковид-19 во Албанија, премиерот Еди Рама упати јавен апел за вакцинација до сите што тоа до сега не го сториле. Вакцинирајте се што побрзо. Имунизацијата не ве заштитува од зараза но болеста ќе ја минете полесно. Од тие што болнички се лекуваат дури 90 отсто не се вакцинирани – апелираше Рама. Во последното деноноќие во Албанија, според тамошното Министерството за здравство од направените 5.694 тестирања регистрирани се 1.236 нови случаи на заразени со ковид, починале четири, а оздравеле 329 лица. Активни на болеста се 7.952 случаи,...

Continue reading

Успешно спороведена теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили

Post Views: 1 Заврши теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили која ја спроведе вакциналната служба при Здравствен дом Охрид. Директорите на сите општински училишта беа кооперативни во овој процес и добивме податоци за сите ученици од 1-во до 9-то одд чиј број изнесува 4020, инфромира д-р Соња Мариноска ,раководител на одделението за вакцинации. Со помош на патронажната служба се проверени вакциналните картони на сите деца. До училиштата беа испратени покани и формулари-изјави за родителите дали прифаќаат или одбиваат вакцини. Вакцинацијата се врши континуирано...

Continue reading

Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација

Post Views: 7 Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се сака да се обезбеди поделба на власта и немешање во извршната во судската власт. Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека во Австралија, поточно во Викторија, Мелбурн – судиите се ослободени од вакцинација. Толку...

Continue reading

Човекот на ова видео починал по откажување на бубрезите, а не пет минути после вакцинација

Post Views: 10 Точно е дека пациентот починал пред болницата во Мексико Сити, точно е дека медицинска грижа не му била пружена веднаш, а вратата на болницата била затворена, но не е точно дека ова се случило ,,пет минути после вакцинација”. Сите релевантни извештаи од мексиканските медиуми споменуваат дека причината за смртта на мажот е откажување на бубрезите. Во пост споделен на Фејсбук преку споделувањето на видео клип на кој се гледа членови на семејство как осе борат за животот на својот близок, кој сепак, починува, како и преку зборовите во текстуалниот дел од постот „пет минути...

Continue reading

ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

Post Views: 0 Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Фејсбук објава тврди дека универзитетот „Џон Хопкинс“ развил технологија со која луѓето се вакцинираат со помош на ПЦР тестови. Ова не е точно. Станува збор за погрешно толкување...

Continue reading

Не е вистина дека се врши присилна вакцинација и дека нè трујат

Post Views: 3 Вакцинацијата во земјава, како и секаде во светот, е бесплатна и е на доброволна основа за сите возрасни групи, кои можат да се вакцинираат. Според тоа, никој нема законска или каква било основа да присили некого да се вакцинира против ковид-19. Во екот на пандемијата со коронавирусот масовно се злоупотребува теоријата на заговор дека од авиони се фрла вирусот или дека нè прскаат со отровни хемиски супстанци кои ги предизвикуваат симптомите на ковид-19. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се...

Continue reading

Инспекторите не се Гeстапо, ниту пак медиумите форсираат присилна вакцинација

Post Views: 0 Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19. Уредбата на Владата, со која се пропишуваат овие мерки и потоа е дополнувана со одлуки, има законска сила. Тоа го потврдува Уставниот суд на РС Македонија,...

Continue reading

Охрид меѓу градовите со висок опфат на вакцинација

Post Views: 0 Охрид е меѓу градовите со висок опфат на вакцинација во Република Македонија, со 8 починати лица на 59,3 % вакцинирано население.  Смртноста на пациенти со Covid-19 е драстично поголема во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани. Во градовите кадешто процентот на опфат со вакцинација е поголем, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19% опфат на вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top