Рекордно заразени со ковид во Албанија, Рама апелира на вакцинација

По рекордниот број заразени со ковид-19 во Албанија, премиерот Еди Рама упати јавен апел за вакцинација до сите што тоа до сега не го сториле.

 |   | 
Ковид 19

По рекордниот број заразени со ковид-19 во Албанија, премиерот Еди Рама упати јавен апел за вакцинација до сите што тоа до сега не го сториле.

Вакцинирајте се што побрзо. Имунизацијата не ве заштитува од зараза но болеста ќе ја минете полесно. Од тие што болнички се лекуваат дури 90 отсто не се вакцинирани – апелираше Рама.

Во последното деноноќие во Албанија, според тамошното Министерството за здравство од направените 5.694 тестирања регистрирани се 1.236 нови случаи на заразени со ковид, починале четири, а оздравеле 329 лица.

Активни на болеста се 7.952 случаи, а болнички се лекуваат 107 пациенти од нив 15 во тешка состојба.

Во регионот после новогодишните празници почна да расте бројот на заразени со ковид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top