Охрид меѓу градовите со висок опфат на вакцинација

Охрид е меѓу градовите со висок опфат на вакцинација во Република Македонија, со 8 починати лица на 59,3 % вакцинирано население.

 |   | 

Охрид е меѓу градовите со висок опфат на вакцинација во Република Македонија, со 8 починати лица на 59,3 % вакцинирано население. 

Смртноста на пациенти со Covid-19 е драстично поголема во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани. Во градовите кадешто процентот на опфат со вакцинација е поголем, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19% опфат на вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август – објави министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Според него, последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, односно до крајот на август изнесуваше под 30%, а бројот на починати соCovid-19 е 73.

Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции – додава министерот Филипче. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top