Ознака: вакцинација

Вакцинација со забрзано темпо со „Синовак“ и „Фајзер“

Post Views: 0 Вакцините се складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека до 15 јули треба да бидат вакцинирани околу 462 211 граѓани, кои што искажале интерес за вакцинација на веб-платформата vakcinacija.mk. „Оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење. Високо ефикасна е за превенција на тешка болест. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата...

Continue reading

Грешна информација злоупотребена за да се наштети на процесот на вакцинација против ковид-19

Post Views: 6 Информацијата дека најмногу од пациентите примени на Инфективната клиника се со примени две дози вакцина, експресно ја демантираше Министерството за здравство. ТВ 24 која ја објави (дез)информацијата го пренесе демантот, посочувајќи дека била направена ненамерна грешка и ја повлече веста. Но и покрај тоа, оваа објава на Фејсбук го користи ваквиот пропуст на телевизијата и продолжува да ја шири неточната информација за да му наштети на процесот на имунизација. Анализираме пост на Фејсбук, кој користи веќе повлечена и демантирана информација на Телевизија 24 со цел да...

Continue reading

Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација

Post Views: 2 Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се  0.018 % од популацијата. Австралија има  речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот...

Continue reading

Нема одлука за вакцинација на деца против ковид–19

Post Views: 5 Погрешно е тврдењето дека е „донесена одлука“ и дека „некој во наше име одлучил“ за вакцинирање на деца од 5-12 години. Одлуката за набавка на 10.000 педијатриски вакцини на „Фајзер“ не е одлука за вакцинација. Крајниот збор за педијатриските вакцини ќе го има националната Комисија за имунизација. Пост на Фејсбук дезинформира дека е донесена одлука за вакцинација на деца, по пример на некои од европските земји, како Белгија, каде вакцинацијата е на доброволна база. Одлуката „веќе“ била донесена за напролет да се почне со вакцинација на деца од 5 до 12 години?!?! Кој...

Continue reading

Не е точно дека Бил Гејтс планира депопулација на светот преку присилна вакцинација

Post Views: 6 Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има за цел да го збрише населението ширум светот со помош на вакцинацијата против ковид-19, со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите кои се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион Извор: Snoopes Најновата конспирација тврди дека вакцинацијата ќе го збрише населението во...

Continue reading

Постигнување колективен имунитет е причина за масовната вакцинација

Post Views: 2 Тврдењето изнесено во постот, дека причината поради којашто невакцинираните треба да се имунизират, е за да не ги заразат вакцинираните, не е точно. Апелите до невакцинираните, да одат да се вакцинираат, се упатуваат и за нивно добро, како и за да се постигне колективен имунитет, кој ќе го сопре ширењето на вирусот од еден на друг човек. Болеста ќе престане да се шири ако има голема пропорција од населението, која е имуна на болеста и тоа се причините заради кои се бара што поголем број граѓани да се вакцинираат. Рецензираме пост на Фејсбук, којшто манипулира со вакциналниот...

Continue reading

Вакцините со кои се врши теренска вакцинација се на Синовак и не треба да се чуваат на минус 75 степени

Post Views: 2 Теренската вакцинација засега се одвива само со „Синовак “ и тоа во претходно наполнети шприцови. И, наспроти она што се сугерира во постот што го рецензираме, оваа вакцина воопшто не се чува на минус 75 степени. Рецензираме пост на Фејсбук, кој се однесува на теренската вакцинација која во земјава се спроведува на повеќе локации, со цел да се допре до граѓаните кои се од руралните средини. Теренската вакцинација се спроведува со мобилни екипи од здравствените домови ширум земјава и Министерството за здравство секој ден ги објавува локациите на кои се спроведува вакцинацијата. Во...

Continue reading

Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација

Post Views: 0  Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра.  Во постот што го рецензираме, уште еднаш е претставен предмет (лажица) залепен на рамото на наводно...

Continue reading

Лекарите од внатрешноста со вакцината Бионтек/Фајзер ќе се имунизираат во Скопје

Post Views: 0 Околу 200 медицински лица од Охрид  колку што се пријавиле за вакцинирање против Ковид 19 ќе одат во Скопје да ја примат вакцината на Бионтек/Фајзер која прва пристигна во државава.Фазјеровите вакцини нема да бидат дистрибуирани во Здравстените домови низ градовите во внатрешноста. Медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје. Причината е немање на посебни услови за чување на Фазјеровата вакцина во здравствените домови во земјава, инфромира д-р Ајсел Зејноска, директор на Здравствен дом Охрид. „Заради специјалниот начин на чување...

Continue reading

rak na matka

Во Струга, четири пациенти прво се откажале а потоа го пролонгирале примањето на вакцината HPV

Post Views: 0 Тоа го направиле по  консултација со матичен доктор. Од „Превентива“ појаснуваат дека станува збор за недоволна информираност. Четири девојциња се откажале од примање на вакцината  против хуман папилома вирусот во гинеколошката оргинација „Превентива“. Тие  претходно закажале во ординацијата и биле запишани на листата за чекање, но потоа го пролонгирале датумот. Четирите пациентки така постапиле по  консултацијата со своите матични лекари,  за тоа колку вакцината  е од корист или штета за девојчињата. Матичните лекари ги советувале дека вакцината против Хуман Папилома...

Continue reading

Во Русија започна вакцинација на животни против коронавирус

Post Views: 10 Претставничката на оваа институција, Јулија Мелано прецизираше дека вакцинацијата на домашните миленици почнала во неколку руски области. „Првата испорака на единствената вакцина против корона, а која е наменета за животните, Carnivac-Cov стигна во руските градови, за да се спречи ширењето на заразата меѓу животните“, изјави Мелано, објави новинската агенција ТАСС, а пренесува Танјуг. Ова е единствена ваква вакцина во светот и создадена е од руските научници. Русија во март објави дека ја регистрирала првата вакцина против вирусот за животни откако тестовите покажаа...

Continue reading

Огромен интересот за вакцинација против сезонски грип во Охрид

Post Views: 2 За само еден час од отварање на вакциналниот пункт кај центарот за јавно здравје во Охрид , повеќе од педесет граѓани ја примија вакцината против сеознски грип. Станува збор за комерцијалните вакцини, додека, бесплатната вакцинација веќе се спроведува преку моделот „Мој термин“. Од Центарот за јавно здравје велат дека досега за Охрид, Струга и Дебар да добијат добиени се 1000 дози вакцина против сезонски грип. 500 за Охрид, 300 за Струга и 200 за Дебар, информира дирeкторот на Центарот за јавно здравје Сашо Точков. Точков објаснува дека во пунктот во центарот, комерцијална...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top