Ознака: вакцинација

Дезинформација е дека скринингот на учениците е вовед во присилна вакцинација на децата

Post Views: 11 Постот што го анализираме шири дезинформации. Тврдењето дека децата насилно ќе бидат вакцинирани е неосновано и без никакви докази. Вакцинацијата на децата е доброволна и исклучиво со одобрение на родителите. Пост на Фејсбук тврди дека скринингот, кој се спроведува во училиштата за откривање на евентуални асимптоматски случаи на заразени со ковид-19, е само вовед во присилното вакцинирање на децата. Ова не е точно. Дојде ред удрија по децата, оваа е предвремена проба за она што доаѓа после неколку Фази, насилно Вакцинирање на Децата. Фашизмот и по падот, продолжува...

Continue reading

Од денеска КОВИД-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Post Views: 10 Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или...

Continue reading

Откажаните летови на Саутвест Ерлајнс не се поради протест против вакцинација на пилотите

Post Views: 6 Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека американската авиокомпанија „Southwest Airlines“ почнала да ги откажува летовите, наводно, поради револтот на контролорите на летови кои се побуниле против задолжителна вакцинација. Доста е! Ова е пораката од Саутвест Ерлајнс, американската компанија...

Continue reading

Во Струга слаб интерес за вакцинација

Post Views: 2 Слаб одзив за вакцинација во Струга и струшко. Според официјалните информации на министерството за здравство во општина Струга само 23,1% од населението се имунизирало. Слична е состојбата и во Дебар, таму има уште помал одзив за вакцинација, само 17.3%. Струга беше еден од градовите во земјава  со најголема смртност од последици од корона вирусот. До денес битката со ковид 19 ја изгубиле 197 лица, што е највисока стапка на морталитет од 6,6%, но и покрај тоа нема голем интерес за вакцинација. –Очигледно е дека населението има некоја активност, но не е забележителна....

Continue reading

Повторно се манипулира со американскиот систем ВАЕРС за пријава на несакани ефекти по вакцинација

Post Views: 12 Тоа што некој починал по администрирана вакцина, не покажува причинско-последична врска со самата вакцина. Самата пријава на ВАЕРС не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Пријава до ВАЕРС може да достави и лекар и обичен граѓанин, дури и ако не е сигурен дека последицата настапила од вакцината. Пријавените случаи на ВАЕРС се неверификувани извештаи. Тоа што некој ќе пријави несакан ефект на ВАЕРС не е доказ дека вакцината го предизвикала ефектот. Рецензираме пост во којшто се тврди дека со вакцините против ковид-19, наводно, настрадале и биле убиени повеќе...

Continue reading

Кенеди никогаш не докажал на Врховниот суд дека задолжителната вакцинација треба да се укине

Post Views: 2 Врховниот суд на САД никогаш не одлучил за укинување на задолжителната вакцинација. На веб страницата на највисоката северноамериканска судска институција која ги објавува сите казни, нема одлука за поништување на задолжителната вакцинација. Тврдењето изнесено во текстот дека судската пресуда ја принудила американската Влада да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), исто така, не е точно. Роберт Ф. Кенеди Jуниор е познат по своите изјави против вакцини, но без научна поддршка. Проверувачите на факти од повеќе светски сервиси, како сервосот...

Continue reading

Значително зголемен интересот за вакцинација

Post Views: 0 Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани. Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една...

Continue reading

Зголемен интересот за вакцинација

Post Views: 2 Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани. Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза...

Continue reading

Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението

Post Views: 0 Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението. Во Струга пристигнаа 400 вакцини на  „Астразенека“, а веќе од петок  стартува имунизација на постарите лица над 77 годишна возраст. Во Здравствениот дом  Д-р Светозар Чочороски во Вевчани пристигнаа првите 100  вакцини, имунизацијата почнува од задутре. Термините  за првиот вакцинален  ден се веќе пополнети, ќе се имунизираат  по 20 пациенти дневно. „Процесот  на имунизација ќе продолжи, со тоа што ќе го зголемиме бројот на вакцинални пунктови . Во моментот сме само во Вевчани од идната...

Continue reading

Инцидент на протестот против задолжителната вакцинација во Солун

Post Views: 7 Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави МИА од Атина. Попладнево во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, но и од антиваксерите, а ангажирани се над 5 000 полицајци. Протестите завршија мирно, со исклучок на оној против вакцината и задолжителната вакцинација. Демонстрантите...

Continue reading

Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација

Post Views: 3 Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација,...

Continue reading

Дезинформации за присилна вакцинација и измислици за наводно труење на ученици

Post Views: 3 Не постои никаков план и заговор за присилна вакцинација на децата и нивно труење со вакцини, како што се тврди во Фејсбук објавата што ја рецензираме, ширејќи вознемирувачки пораки и потткнувајќи паника кај родителите. Имунизацијата за младите од 12-18 години се спроведува единствено по претходна пријава, со согласност од родител и во вакциналните пунктови, а за децата под 12 години засега не се препорачува ниту една вакцина против ковид-19. Објава на Фејсбук шири вознемирувачки пораки за присилна вакцинација на учениците и нивно „жртвување“ без знаење на родителите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top