Ознака: бројот

Се зголемува бројот на патници на македонските аеродроми

Post Views: 2 Според податоците на ТАВ Македонија, бројот на патници превезени од двата аеродроми, „Александар Велики„ Скопје и „Свети Апостол Павле“ Охрид, во првите два месеца од годинава е зголемен за 9 проценти. Во овој период од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 238.180 патници. Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти.

Continue reading

studentka

Универзитетски стипендии за девици

Post Views: 2 Челниците на еден град во Сиера Леоне нудат петтогодишна стипендија на девојките кои ќе ветат дека ќе ја сочуваат својата невиност до крајот на универзитетските студии.Целта на оваа необична одлука е да се намали бројот на тинејџерската бременост, истакна еден од челнеиците на јужниот град Бо, додавајќи дека тим од женски лекари е задолжен да ја потврди невиноста на кандидатките. Акцијата, меѓуота, наиде на критики од одреден број родители, како и од оранизацијата за заштита на женските и граѓанските права кои сметаат дека со тоа се кршат човечките права на девојките...

Continue reading

Во Охрид во пораст е бројот на кражби на велосипеди

Post Views: 3 Во Охрид мета на крадците се поскапи, но и постари велосипеди. Не е мал бројот на охриѓани кои деновиве останале непријано изненадени по кражбата на нивниот велосипед. Некои граѓани кражбите ги пријавуваат во полиција, некои не, други пак, бараат помош со објави на социјалните мрежи. Кражбите на велосипедите се случувале најчесто од јавните површини, помал дел од дворовите и влезовите од станбените згради, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Во полиција се пријавени 19 кражби на велосипеди во првите девет месеци од оваа година. Во таа насока, може да кажеме,...

Continue reading

dete

Во која земја болно дете има поголеми шанси да преживее?

Post Views: 8 Годишниот индекс на шансите детето да доживее пет години, јасно покажува дека земјите кои имаат подобро школувани здравствени работници, имаат помала стапка на смртност кај децата. Од друга страна, процентот на смртност кај децата до пет години расте во земјите каде што здравствената помош е недостапна, се вели во извештајот. Швајцарија го зазема првото место, по неа следат Финска, Ирска, Норвешка, Белорусија, Данска, Шведска, Куба, Узбекистан и Германија.Меѓу првите 20 земји со најдобра здравствена заштита за децата се и Русија, Франција, Чешка, Велика Британија, САД,...

Continue reading

Расте бројот на пациенти на националната листа за трансплантација на органи

Post Views: 11 13 годишно девојче е најмладиот пациент кое чека срце на националната листа за трансплантација. Од месец во месец се зголемува бројот на пациенти , млади луѓе,  на кои им се вградуваат пумпи како механичка циркулаторна поддршка место срце додека не се најде донор. Срцето затаило и откажало , најчесто поради некој вирус. Но секој има право на втора шанса за живот , велат од Националното здружение  на пациенти на кои им е потребна трансплантација  „Храбро срце“. Во Македонија постои закон за трансплантација но 90 отсто од граѓаните не знаат за тоа. „ Во моментов актуелниот...

Continue reading

Ризичното однесување на туристите ќе го зголеми бројот на заразени од корона вирус во Охрид

Post Views: 2 Туристите, посебно младите  кои ги преплавуваат охридските плажи и угостителски објекти се однесуваат како воопшто да нема пандемија на корона вирус. Иако веќе почнаа да произлегуваат заразени од она што многумина го нарекоа илинденскиот кластер од журките во Охрид целосните последици ќе се видат во следните 5 до 10 денови. Епидемиолозите очекуваат зголемен број заразени од коронавирусот до крајот на август поради ризичното однесување на туристите во Охрид. „Имавме ризично однесување во текот на Илинденските празници тука во Охрид. Тоа беше евидентно. Сето тоа ќе доведе...

Continue reading

ДЗС: Се намалува бројот на ученици во Македонија

Post Views: 9 Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625  што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година. Интересно е што и покрај тоа што бројот на ученици се намалил, во 2015/16 година во редовните основни училишта се зголемил бројот на наставници. Во 2014/15 година...

Continue reading

protest

Грците не го сакаат антихристот на своите лични карти

Post Views: 0 Кон средината на ноември Грчката православна црква официјално побара бројот 666, како симбол за антихристот во христијанската традиција, да не се појавува во биометриските лични исправи.Неколку илјади православни фундаменталисти маршираа во неделата низ центарот на Атина. Демонстрантите веруваат дека во дизајнот на личната карта се крие „бројот на ѕверот“ и тврдат дека државата се обидува да ја засили контролата над своите државјани. Поголемиот дел од протестантите беа лица на постара возраст, меѓу кои имаше стотина православни свештеници, монаси и монахињи, како и...

Continue reading

francuski farmer

Француските земјоделци се самоубиваат

Post Views: 5 Во Франција се повеќе земјоделци си го одземаат животот. Бројот на самоубиства е дури три пати поголем од оној на луѓето кои работат во канцеларија. Во Франција секоја годинa си го одземаат животот околу 400 фармери. Животот на фармерите е се само не идиличен. Тој подразбира макотрпна работа од утро до вечер.И осаменоста е една од причините поради кои француските фармери се одлучуваат да му стават крај на својот живот. Од оваа причина и доаѓа до опустошување на селата. Имено, околу 300.000 фарми со крави и овци исчезнале во последниве години во Франција. На ова се надоврзува...

Continue reading

Playboy mansion

Расте бројот на заболени од мистериозната инфекција во Плејбој вилата

Post Views: 0 Од мистериозната болест на респираторниот систем досега се заболени околу 170 луѓе кои присуствувале на конференцијата „Домејн фест глоубл“ во Санта Моника. Новите податоци говорат дека бројот на инфицирани е многу поголем од 80, колку што претходно се претпоставувало, а причината за инфекцијата се’ уште не е утврдена. Од одделот за јавно здравство соопштија дека се обидуваат да стапат во контакт со сите гости на тродневната конференција DOMAINfest Global, на која присуствувале 700 професионалци од областа на Интернетот од 30 земји. „До денеска 170 луѓе пријавија симптоми...

Continue reading

populacija

Оваа година Земјата ќе има седум милијарди жители

Post Views: 8 Германскиот фонд за светско население објави дека оваа година бројката на жители на Земјата ќе достигне седум милијарди. Минатата година населението на планетата e зголемено за 80 милиони луѓе и достигна 6 милијарди 924 милиони и 196 илјади. Бројката од седум милијарди ќе се постигне во средината на оваа година, соопштуваат од фондацијата и велат дека секоја секунда во светот се додаваат речиси три новороденчиња. Најголем раст на населението има во Африка, во 2010 година бројот на жители изнесуваше повеќе од милијарда. Сепак растот во 2010 година е три милиони помалку...

Continue reading

Општина Охрид пред Општина Струга по бројот на активни случаи со COVID-19

Post Views: 0 Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa. Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјал е земен при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар преку системот Мој термин (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top