• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ризичното однесување на туристите ќе го зголеми бројот на заразени од корона вирус во Охрид

Ризичното однесување на туристите ќе го зголеми бројот на заразени од корона вирус во Охрид


Епидемиолозите очекуваат зголемен број заразени од коронавирусот до крајот на август поради ризичното однесување на туристите во Охрид. Заразата не ја шират само туристите туку и охриѓани. Првиот човек на центарот за јавно здравје вели дека и домаќините се однесуваат неодговорно откривајќи дека има случаи на лица со потврден позитивен тест кои не се придржувале до мерките.

 |   | 

Туристите, посебно младите  кои ги преплавуваат охридските плажи и угостителски објекти се однесуваат како воопшто да нема пандемија на корона вирус. Иако веќе почнаа да произлегуваат заразени од она што многумина го нарекоа илинденскиот кластер од журките во Охрид целосните последици ќе се видат во следните 5 до 10 денови. Епидемиолозите очекуваат зголемен број заразени од коронавирусот до крајот на август поради ризичното однесување на туристите во Охрид.

Имавме ризично однесување во текот на Илинденските празници тука во Охрид. Тоа беше евидентно. Сето тоа ќе доведе до зголемување на бројот на нови случаи , зависно од  тоа кога се појавуваат симптомите од 15ти август очекуваме зголемување. Зависно дали имаме лица, претежно млади кои се асимптоматски и го шират вирусот. Има многу фактори но ризичното однесување се плашам дека ќе го земе својот данок. – вели  Сашо Точков Директор ЦЈЗ – Охрид.

Во туристички Охрид и Струга секој ден има новозаразени во дневните извештаи од Министерството за здравство. Но директорот на ЦЈЗ, Сашо Точков состојбата ја опишува како благо стагнирачка Нема некој поголем изолиран кластер, претежно се поединечни случаи и лица кои се поврзани со предходни кластери, објаснува тој. Додава дека не ја шират заразата само туристите туку и охриѓани, со потврден позитивен тест,  се однесувале неодговорно.

„Секојдневно имаме број на заболени , по 5, 6 7, едноцифрена бројка на лица кои ги имаме под контрола, ги лоцираме контактите, ги ставаме во изолација. Но имаме неодговорно однесување и на поединци кои не ги почитуваат заштитните мерки и се случува ова што се случува. Но и од познати на нас семејства , кластери кои што биле заболени а се однесувале ризично, не ги почитувале мерките па ја ширеле заразата.“ – вели Точков.

Во Охрид моментално има околу 90 активни случаи додека во Струга се регистрирани преку 190 позитивни лица на Ковид 19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top