Расте бројот на пациенти на националната листа за трансплантација на органи

Најмалиот пациент е 13 годишно девојче на кое му е потребно срце. Националното здружение „Храбро срце“ за прв пат оваа година го одбележува 13ти Август, Светскиот ден на органодарителството. Свеста за донирање органи во Макердонија е на многу ниско ниво, велат од Здружението кое со активни кампањи се обидува да го промени тоа и да ја сензибилизира јавноста.

 |   | 

13 годишно девојче е најмладиот пациент кое чека срце на националната листа за трансплантација. Од месец во месец се зголемува бројот на пациенти , млади луѓе,  на кои им се вградуваат пумпи како механичка циркулаторна поддршка место срце додека не се најде донор. Срцето затаило и откажало , најчесто поради некој вирус. Но секој има право на втора шанса за живот , велат од Националното здружение  на пациенти на кои им е потребна трансплантација  „Храбро срце“. Во Македонија постои закон за трансплантација но 90 отсто од граѓаните не знаат за тоа.


„ Во моментов актуелниот закон во нашата земја гласи дека секој човек е потенцијален донор освен ако во текот на животот се изјаснил дека не сака после својата смрт да биде донор, меѓутоа последната одлука ја носи семејството. Тоа не значи дека секој може да биде донор на оргхани, има соодветна постапка, интитуции и здравствени работници кои ги одредуваат тие критериуми, меѓутоа ако некому животот му заврши со мозочна смрт  после што нема враќање, зошто да не се донираат органите и да се спасат други животи. Тоа е сензитивна тема но е потробно. “– изјави Ирена Ралева Најдевска – Здружение Храбро Срце.

Националното здружение „Храбро срце“ за прв пат оваа година го одбележува 13ти Август – Светскиот ден на органодарителството. Денеска на градскиот плоштад во Охрид Здружението и волонтери од ОО на Црвен Крст делеа флаери на охриѓани и туристите за да ги запознаат со значењето на дарувањето органи.

„ Конкретно во нашата држава сметаме дека свеста за донирање органи е на многу ниско ниво затоа што луѓето не се доволно информирани.  И нормално е што е така, затоа што порано не ни постоеше можност да се инплантираат механички пумпи како преодна фаза до трансплантација. Тука не можеме да бараме виновници.  Затоа нашето здружение прави активни кампањи за подигнување на јавната свест за органодарителство и како најава можеме да кажеме дека во септември планираме една национална кампања. “ – вели Ралева Најдевска.

Во Македонија постапката на вградување пумпи како мост до трансплантација на срце се изведува од 2018 год. Досега во нашата земја не е изведена трансплантација на срце на пациент кој има механичка поддршка место срце. После неодамнешнота успешна трансплантација на срце која беше за прв пат изведена во македонското здравство од Храбро срце се надеваат дека работите ќе продолжат во добра насока. Изразуваат благодарност до семејствата кои изминатиов период донесоа храбра, хумана и благородна одлука да ги донираат органите на свој најблизок и со тоа да им го продолжат животот на други луѓе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top