Post Views: 2
Новогодишната атмосфера во Охрид ќе се подгрева со 6 продажни пулта на градскиот плоштад. Од локалната самоуправа информираат дека штандовите ќе бидат унифицирани и ќе бидат изненадување за охриѓани и гостите. На штандовите ќе се продаваат храна и пијалоци, но од локалната не откриваат каков вид на храна и пијалоци ќе може да се продаваат на отворено. Дали охриѓани и гостите во празничните вечери ќе се затоплуваат со варено вино и сладат со колачи со цимет или ќе јадат крофни, ќебапи и сендвичи залиени со кока кола останува да видиме за една недела.
Унифицираните...
Post Views: 0
Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската која води кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и диети од непроверени извори на интернет.
„ Најчесто младата популација се служи како со најдобар...
Post Views: 8
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот доцни со исплатата на субвенциите за туроператорите за оваа година. Новиот директор на агенцијата Кристијан Џамбазовски, информира дека поднесените апликации за субванциите за туроператорите ќе бидат навремено исплатени. Не открива бројки колку пари должат на име неисплатени субвенции, но според Џамбазоски задоцнувањето нема негативно да се одрази врз договорите со странските агенции за носење на гости.
„ Загразување или некаква пречка нема никаква. Тековно се обработуваат и потпишуваат решенијата за субвенционирање....
Post Views: 13
Во Охрид, на градскиот Плоштад покрај новогодишната елка ќе биде поставено и лизгалиште на мраз. Новата содржина ќе придонесе за добра забава на охриѓани и гостите кои ќе допатуваат во градот за дочек на Новата година. Лизгалиштето ќе може да се користи се до празникот Богојавление, открива портпаролот на ЛС, Томе Џамтоски. „ Постапката е завршена, лизгалиштето ќе биде концентрирано околу споменикот Св. Климент кој ќе биде заштитен со ограда. Ќе биде на површина од околу 120 -150 метри квадратни. Преговораме со фирми кои имаат искуство во оваа работа. Корисниците...
Post Views: 9
Манекенките и водителки на Санремо престанаа да бидат главна атракција кога на сцената во театарот Аристон, во кој се одржува 61-то издание на фестивалот на италијанската канцона, стапна заводливата Моника Белучи.
Бујното деколте кое го презентира во тесен црн фустан го запали и нејзиниот колега Роберт де Ниро, кој исто така беше гостин на фестивалот. Холивудскиот заводник Де Ниро, иако веќе во поодминати години, не можеше да го одлепи погледот од деколтето на Моника. За сите оние кои не беа вчера на Санремо, се е фино фотографирано и документирано.
{loadposition ...
Post Views: 1
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се вклучи во проектот на УСАИД за поддршка на мали бизниси од областа на туризмот. Тие потпишаа меморандум за соработка со директорот на проектот Карл Ларкинс. Целта на оваа соработка е македонските туристички агенции да создадат нови туристички производи кои понатаму ќе ги пласираат на меѓународниот пазар. Во рамките на оваа соработка, стопанствениците од туристичкиот сектор ќе имаат и обука за креирање на производ кој би го пласирале во меѓународната асоцијација за алтернативен туризам. Со проектот се опфатени токму специфичните...
Post Views: 6
Успешните основци, средношколци и студенти ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправa. По 20 ученици од сите три степени на образование или вкупно 60 талентирани ученици и студенти од државните училишта ќе добиваат месечни стипендии. Стипендиите ќе бидат во висина од 1500 денари за основци и средношколци, а по 2000 денари за студенти од државните образовни институции, вели портпаролот на Локалната смоуправа Томе Џамтоски. Конкурсот стартува од денес, а парите ќе се доделуваат за учебната 2013 и 2014 година со одредена цел.„Прво да се потикнат оние ученици...
Post Views: 6
Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини.
Заеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу реагираа...
Post Views: 0
Охридските хотели активно се подготвуваат да бидат добри домаќини за пречек на гостите кои решиле новогодишните празници да ги поминат во најатрактивниот туристички центар во земјава. Дел од нив имаат добар мотив за тоа, како што ни изјавија одговорните за продажба во дел од хотелите – постои голем интерес од страна на странските гости за пакет аранжманите кои им се понудени за време на новогодишните празници.
„До сега имаме склучено договори со нашите партнери кои се наши долгогодишни соработници и се работи за партнери од Бугарија, Србија и за изненадување...
Post Views: 35
Иако на неколку пати во последните 40-тина години се враќаа во мода, широките панталони, баш оние од 70тите овој пат се враќаат на голема врата.Еден од трендовите за оваа пролет се токму овие широки панталони со висок струк (wide leg pants) како и фармерките ѕвонарки (bell bottom jeans) . Пониските девојки треба да ги комбинираат со високи потпетици затоа што само така ќе бидат изводливи за носење.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба.
„Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите...
Post Views: 2
Фирмата за проценки на ризик, Thomson Reuters објавила десет предвидувања до 2025 година. Извештајот предвидува развој на науката и технологијата во наредните десет години врз основа на анализа на светски научни патенти и научна литература.
Еве за што станува збор:
-Сонцето ќе биде главен извор на енергија на нашата планета благодарение на апсорпција, складирање и конверзија на енергијата.
-Големи парични средства ќе бидат вложени во проучување на деменцијата, па бројот на заболени ќе биде помал.
-Со модификација на човековиот геном ќе се спречува почеток на болестите...