• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Еко, културен, спортски, селски и вински туризам во понудата на македонските туристички агенции

Еко, културен, спортски, селски и вински туризам во понудата на македонските туристички агенции

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот потпиша меморандум за соработка со УСАИД во рамките на која сопствениците на мали бизниси од областа на туризмот ќе бидат обучувани како да ги креираат овие нови туристички производи какви што бара меѓународниот пазар.

 |  Мишел Наумоски  | 
paraglajding
параглајдинг

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се вклучи во проектот на УСАИД за поддршка на мали бизниси од областа на туризмот. Тие потпишаа меморандум за соработка со директорот на проектот Карл Ларкинс. Целта на оваа соработка е македонските туристички агенции да создадат нови туристички производи кои понатаму ќе ги пласираат на меѓународниот пазар. Во рамките на оваа соработка, стопанствениците од туристичкиот сектор ќе имаат и обука за креирање на производ кој би го пласирале во меѓународната асоцијација за алтернативен туризам. Со проектот се опфатени токму специфичните видови на туризам.

downhill„Станува збор за поспецифични, алтернативни видови на туризам како што се маунтин бајк, параглајдерство, планинарење, зборуваме во алпинистички стил, потоа даунхил-екстремно возење со велосипеди. Онакви производи од туризмот какви што или не сме имале или сме имале малку понудено на меѓународниот пазар, а имаме можности да ги понудиме. Веќе беше извршена една обука со стопанствениците, со туристички агенции. Беа пријавени одреден број на туристички агенции кои што веќе пројавија интерес, сериозен интерес да се пласираат на меѓународниот пазар и да станат членови на таа асоцијација.“-вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Оваа соработка вклучува формирање на работна група која ќе ги поврзе претставниците на локалните туристички претпријатија, како и на државната и локалната власт за да се поттикне развојот на оваа гранка. Инаку во рамките на соработката ќе бидат организирани и AdventureEDU обуки за локалниот туристички сектор, студиско патување за запознавање на туроператори специјализирани за активен туризам со понудата во Македонија и Регионален самит на Здружението за активен туризам во домаќинство на државите од Западниот Балкан во 2015 година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top