Post Views: 9
Секоја среда и сабота од денес па до крајот на учебната година, ќе биде резервирана за спорт. Поразени или победници, во напад или во одбрана, денес во спортската сала „Атина Бојаџи“ најмладите се натпреваруваа и навистина уживаа во фудбалот.
Во фудбал ќе се натпреваруваат учениците од шестите одделенија, додека во одбојка учениците од седмите и осмите одделенија. Средните училишта ќе се натпреваруваат во и во фудбал, одбојка и пинг-понг. Почеткот на училишната спротска лига го означи градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека ваквите масовни спортски манифестации...
Post Views: 6
Градоначалникот Зијадин Села решен е да стави крај на дивоизгрдените објекти на јавни површини во Струга. Ќе започне од двата кеја на реката Црн Дрим. Новиот струшки градоначалник открива дека веќе е објавен тендер за фирма која ќе ги урива дивоградбите. Села вели дека доколку не успее во неговата намера, тогаш без исклучок на сите граѓани ќе им дозволи да градат, тезги, кафулиња и други објекти, кој каде сака.
„ Ќе биде расчистен дримот од двете страни значи сите тие објекти ќе бидат информирани сопствениците кои изградиле да ги тргнат. Засега сопствениците не се информирани....
Post Views: 8
Македонците останаа без единствените две места кои им припаѓаат во Локалната самоуправа, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга. Најновите кадровски измени кои градоначалникот Зијадин Села ги прави во Струга, со луѓе само од неговата партија, води кон тоа да целокупната одговорност за последиците од таквите постапки, ги сноси самиот тој, додаваат од таму. Претседателот на партијата Перо Петкоски, категоричен во својот став, дека доколку за одлуките кои ги донесува Општинската администрација, не бидат консултирани, истите ќе ги сметаат како нелигитимни и како такви нема...
Post Views: 3
Зијадин Села од денеска и официјално е новиот градоначалник на Струга. Од страна на општинската изборна комисија, на новиот градоначалник, Села, му беше врачено уверението со што му беше верификуван четиригодишниот мандат.
Во своето обраќање на свечениот чин, Села вети дека ќе биде градоначалник на сите стружани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност.
„Јас се надевам и посакувам во иднина исто како и денес, во ваква атмосфера, како што денес ја примам функцијата, да бидат и изборите во иднина. Ваква атмосфера, да славиме, бидејќи изборите се за...
Post Views: 4
Проширување на проектот „Домашна визита“ како една од мерките со кои им се помага на социјално ранливите категории, најавија в Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за здравство, Никола Тодоров.
Целта е намалување на социјалниот ризик и обезбедување на социјалната поддршка за граѓаните кои се наоѓаат во потешка состојба.
Со новото проширување на овој проект се предвидува стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, во домашни услови да им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги, како...
Post Views: 0
Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но...
Post Views: 0
Се прават завршните технички подготвки за пуштање во употреба на двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Набавено е потребното количество на хлор, а според тоа како течат зафатите се очекува негово официјално отварање за пливачите и рекреативците на 1 јули, информира Гордана Јованоска директорот на ЈП Билјанини извори .
„ Направени се сите сервиси на инсталациите за хлорирање и дезинфекција, поправен е и компензациониот базен. Потребно е чистење, а тоа ќе се направи во претпоследните денови за да нема дополнително чистење. Годинава на базенот ќе работат 2- те...
Post Views: 4
Турските фудбалски клубови чии навивачи ќе прават хаос на натпреварите, ќе бидат казнети со играње натпревар исклучиво пред жени и деца.Тоа значи дека досегашниот принцип на казнување со играње натпревар пред празни трибини, ќе биде заменет со забрана за присуство на машки навивачи постари од 12 години. Според новото правило на Турската фудбалска асоцијација, пред да бидат пуштени на влезот, децата ќе мора да се легитимираат.
“По оваа одлука, која е прва во светот на фудбалот, нема да има штама и невозбодуливи натпревари одиграни без публика. Промената ќе ги натера...
Post Views: 6
Mинистерството за образование и наука следната недела јавно ќе ги објави прашањата што ќе бидат на екстерното тестирање.
На посебна веб страница ќе бидат ставени вкупно 415.000 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик од 5.700 предмети. Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведе од 2 до 10 јуни и ќе бидат опфатени вкупно 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта.
Во вкупната бројка на ученици влегуваат сите од 4-то одделение во основно училиште до 3-та година во средно образование”, соопшти министерството за образование и наука. Со...
Post Views: 8
Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај Горна...
Post Views: 1
Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен.
Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени.
„Интензивно се работи...
Post Views: 7
Малку е направено за искористување на еколошките вредности во Дебрца. Исто така затајува и нивната промоција, пренесува првиот човек на оваа општина Зоран Ногачески. Но, градоначалникот открива дека оваа слика на почетокот на месец мај ќе се промени, односно, општина Дебрца отпочнува проект за заштита на биолошката разновидност во пограничните подрачја. Проектот ќе се реализира со Р. Грција, а носител е општина Дебрца заедно со Шумарскиот факултет и НП „Јасен“, а од грчка страна општина во близина на Солун, Терми и нивниот национален институт за биологија.
„Важно е дека...