Ознака: асфалт

Камиони го оштетуваат новиот асфалт

Post Views: 6 Слика во коментар на социјалните мрежи ни испрати Марјан Ѓузелоски кој реагира на нова база за песок сместена на улицата 15-ти корпус во Охрид. Ова е неговиот коментар : Нова база за песок, шљунак и камен на ул. 15-ти корпус каде со камионите за транспорт и машините за утовар го оштетуваат и валкаат новиот асфалт на улицата која е пуштена во употреба пред 3 месеци – вели Ѓузелоски за „Ти си твојот град“.

Continue reading

Писмо: Лесковчани молат за 100тина метри асфалт

Post Views: 3 Се надевам дека ова писание ќе го привлече вниманието на локалната самоуправа кон ова заборавено место. Иако воглавно Лескоец е познато по немањето на канализациона мрежа и адекватно снабдување со вода за пиење, една од нус-појавите од претходно наведените состојби се и улиците кои никогаш не виделе асфалт.  Сигурен сум дека градоначалникот и неговите служби се запознаени со состојбата во која се наоѓа овој дел од Лескоец за кој ви испраќам фото-документација, исто како што сум сигурен дека после неуспешниот, да, добро читате….НЕУСПЕШНИОТ обид да постават канализација...

Continue reading

Поставен асфалт на дел од улицат Абас Емин до пресекот со улицата Охридска бригада

Post Views: 1 Денес е ставен асфалтен слој на дел од Абас Емин. Со тоа продолжува етапното асфалтирање на улицата. Претходно беа асфалтирани околу 300 метри на дел од улицата до пресекот со Туристичка. Како ќе завршуваат сложените подземни градежни работи под улицата така ќе се поставува асфалт на дел по дел од Абас Емин, информираат од ЛС. „Сега ќе се постави прв слој на асфалт до пресекот со улицата Охридска биргада. Понатака како ќе се оди по текот на улицата Абас Емин во должина со пресекот на улицата Железничка ќе се решаваат инфраструктурните инсталации во однос на канализација,...

Continue reading

СЕ ПОСТАВУВА АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ОХРИДСКА БРИГАДА“

Post Views: 2 Во тек се завршни градежни активности за реконструкција на улицата „Охридска Бригада“. Во текот на вчерашниот ден се изврши поставување на првиот слој асфалт, а во текот на наредните денови ќе биде поставен и завршниот слој на асфалт. Проектот за реконструкција на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 2.000.650 денари.

Continue reading

НОВ АСФАЛТ ВО ПЕШТАНИ, ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА

Post Views: 0 Деновиве интензивно се изведуваат работни активности за асфалтирање на улици во неколку населени места во Општина Охрид. Денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани. Претходните денови се работеше на асфалтирање на тесни улици во селата Трпејца и Љубаништа. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“.

Continue reading

Калиштани 30 години чекаат асфалт

Post Views: 0 Само со добра патна инфраструктура, може да развиваме туризам. Жителите на Калишта струшко години наназад на надлежните укажувале дека патната инфраструктура која води до нивното село е во очајна состојба, како што изјави Урим Јусуфи потпретседателот на МЗ. Тој вели дека од страна на премиерот уште пред две години им било ветено дека ќе се направи но од тоа ништо. „Овој пат Струга – Калишта е изграден кога е изграден хотел Бисер, во 1975 година и оттогаш не е направено ништо. Вие како што знаете овој пат требаше да се асфалтира до Радожда бидејќи овој пат е регионален...

Continue reading

Тротоарот на Булевар Туристичка со пресекот на улица Стив Наумов наскоро ќе добие слој асфалт

Post Views: 21 Слој асфалт наскоро ќе биде поставен на тротоарот на Булевар Туристичка во населбата Лескајца, ветуваат од Фондот за комунален развој. Овој дел од улицата за пешаците е проблематичен подолг период. Оние кои секојдневно минуваат на Булевар Туристичка на пресекот на улица Стив Наумов неасфалтираниот дел од тротоарот во должина од околу 50-тина метри го оневозможува нормалното движење по зоната предвидена за пешаци. Родителите посебено стравуваат за безбедноста на учениците кои посетуваат настава во основното училиште Братство Единство. Тие честопати се принудени тој дел...

Continue reading

На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопаниот асфалт покрај патот

Post Views: 0 Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира. Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен. Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за 40 -50...

Continue reading

Пополнета со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид

Post Views: 2 Деновиве надлежните екипи ја санирана, односно пополнија со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.  Не заборавајте да ги испратите Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk 

Continue reading

Велгоштани бараат асфалт до црквата Св Никола

Post Views: 4   Во Велгошти, охридско на 1100 метри надморска височина се наоѓа црквата Св Никола. Подзаскриена во шумски предел и густата вегетација, овој Божји храм има свои конаци, камбанарија, но за жал патот кој води до неа сеуште не е асфалтиран. Месното население кажува дека ова извонредно место е магнет за туристи, кои имаат што да видат, да одморат, дури и да  вкусат пастрмка од рибникот на црквата.  „Тој пат долго го бараме, Велгошти и велгоштани сакаат да се асфалтира. Ние дури имаме доставено барање до пратениците, се обративме и до Локалната, и за жал досега немаме никаква...

Continue reading

Легна нов асфалт на ул „Александар Турунџе“

Post Views: 1   Легна нов асфалт на ул „Александар Турунџе“. Асфалтирана е површина во должина од 300 метри и ширина 3 метри со проширување на банкините од страна. Со тоа се реши уште еден приоритетен проблем, на месното население од Урбаната заедница „15 ти Корпус“ и Велгошти, истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески. Додаде дека тоа е во рамки на интензивната активност на Локалната самоуправа во делот на уредување, реконструкција на улиците низ цела општина. „Оваа Локална самоуправа уште еднаш во текот на оваа пролет покажа дека се грижи за потребите на граѓаните на општина...

Continue reading

Risto Cado

Улицата „Ристо Чадо“ денес го доби првиот асфалт

Post Views: 8 Поставен првиот асфалт на улицата „Ристо Чадо“. После неколкумесечната целосна реконструкција на оваа улица, денес изведувачите од АД „Илинден“ од Струга го положија седум сантиметри дебелиот слој асфалт од типот БМ ХС 16 кој според луѓето од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици е еден од најквалитетните типови. Во текот на денешниот ден беше асфалтиран еден дел од оваа улица почнувајќи од кружниот тек кај Сојузот на возачи во правец кон објектот „Стобекс“. Љупчо Танески, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека паралелно со аслфалтирањето,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top